Лого на YouVersion
Икона за пребарување

АМОС 3

3
СУД НАД ИЗРАЕЛ
3:1-6:14
А. Израелев однос кон Бога
1Чујте го Израелеви синови ова слово кое Господ го зборува против вас, против секој род што го изведов од Египетската Земја: „Само вас ве познав меѓу сите земни племиња, затоа ќе ве казнам за сите ваши гревови.“ 3Одат ли двајца заедно ако не се договорат? 4Рика ли лавот во гората ако нема плен? Пушта ли лавчето глас во дувлото ако ништо не улови? 5Паѓа ли птицата на земјата ако нема клопка на неа? Се дига ли мрежата од земјата ако ништо не се фати? 6Труби ли трубата по градот ако Господ не ја испрати? 7Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - пророците. 8Лавот рика: кој не ќе се исплаши? Господ Бог зборува: кој не ќе пророкува?
Б. Гревови на Самарија
9„Разгласете го ова по асирските дворци и по дворците во Египетската Земја; речете: „Соберете се на планините на Самарија, погледајте го големиот неред во неа и угнетувањето сред неа. 10Зашто не знаат да прават право,’ говори Господ. ‘Во дворците натрупуваат насилство и угнетување.’“ 11Затоа Господ Бог зборува вака: „Непријателот ќе ја опколи земјата, ќе ги разурне твоите тврдини, ќе ги ограби твоите дворци.“ 12Господ зборува вака: „Како кога пастирот ќе истрга две листни коски или делче од уво од лавската уста, така ќе се истргаат Израелевите синови кои седат во Самарија на работ на постелата и на леглата.“ 13Чујте и посведочете против Јакововиот дом - говори Господ Бог, Бог над Воинствата: 14„Во оној ден кога ќе го казнам Израел за злосторите ќе ги казнам и ветилските жртвеници; роговите на жртвеникот ќе се скршат и ќе паднат на земјата. 15Ќе ги разурнам зимската куќа и летната куќа, ќе пропаднат куќите од слонова коска. Многу куќи ќе исчезнат!“ говори Господ.

Селектирано:

АМОС 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се