Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 24

24
Ѓ. Попис на народ и Господов гнев
1. Пребројување на народ
1Уште еднаш Господовиот гнев пламна на Израелците та го поттикна Давида против нив, зборувајќи: „Оди, изброј ги Израелците и Јудејците!“ 2И царот им заповеда на Јоав и на војводите кои беа со него: „Посетете ги сите Израелеви племиња од Дан до Вирсавеа и изброите го народот, за да знам колку народ има.“ 3Јоав му одговори на царот: „Господ, твојот Бог, нека му даде на Својот народ уште стопати толку колку што го има сега, и тоа нека го види мојот господар цар, ама зошто мојот господар цар има таква желба?“ 4Ама царскиот збор беше посилен од зборовите на Јоава и на војводите на неговата војска. Така Јоав и војводите отидоа од кај царот за да го избројат Израелскиот народ. 5Тие поминаа преку Јордан и почнаа кај Ароир и кај градот што лежи сред долината и тргнаа оттаму кон Гадците и кон Јазир. 6Потоа дојдоа во Галад и во земјата на Хетејците, во Кадис; потоа стигнаа во Дан, а од Дан свртија спрема Сидон. 7Потоа дојдоа до крепоста Тир, и во сите градови на Евејците и Ханаанците, и го завршија својот пат во Јудиниот Негев, во Вирсавеа. 8Откако ја обиколија сета земја се вратија по девет месеци и дваесет денови во Ерусалим. 9Јоав му го даде на царот пописот на народот: Израелците беа осум стотини илјади борци вешти со меч, а Јудејците пет стотини илјади луѓе.
2. Давид се предложува да биде казнет
10Потоа Давида почна да го пече совеста зашто даде да се брои народот, па му рече на Господа: „Многу згрешив дека го направив тоа! Ама, Господи, прости му ја таа вина на својот слуга, зашто постапив крајно неразумно.“ 11Кога Давид стана наутро, Господовото слово веќе му беше дошло на пророкот Гад, Давидовиот гледач: 12“Оди и кажи му на Давида: ‘Вака зборува Господ: „Три нешта ставам пред тебе, избери едно од нив, да ти сторам!“‘“ 13Така Гад дојде кај Давида и му го соопшти ова: „Сакаш ли да дојдат три гладни години во твојата земја, или да бегаш три месеци пред своите непријатели кои ќе те гонат, или да има три дни помор во твојата земја? Сега размисли и гледај што да Му одговорам на Оној, Кој ме пратил!“ 14Давид му одговори на Гад: „На голема мака сум! Но нека паднеме во рацете на Господа, зашто е големо Неговото милосрдие, а нека не паднам во човечки раце!“
3. Мор среде Израелци
15И така Давид го избра поморот. Токму беше време на пченичната жетва. Господ пушти помор на Израел од утрото па до одреденото време; и поморот удри по народот, и умреа седумдесет илјади луѓе од Дан до Вирсавеа. 16Кога ангелот ја протегна својата рака на Ерусалим за да го уништи, на Господа му се сожали заради тоа зло, па му рече на ангелот кој го убиваше народот: „Доста е сега! Повлечи ја својата рака!“ А Господовиот ангел беше токму кај гумното на Евусеецот Орнан. 17Кога Давид го виде ангелот кој го убиваше народот, извика кон Бога: „Еве, јас згрешив, јас направив зло! А тие, овците, што скривија? Твојата рака нека падне врз мене и врз моето семејство!“
4. Жртвеник на гумното на Евусеецот Орнан
18Во истиот ден дојде Гад кај Давида и му рече: „Оди и подигни Му на Господа жртвеник на гумното на Евусеецот Орнан!“ 19И Давид отиде според Гадовите зборови, како што Му заповеда Господ. 20Кога Орнан погледна, ги забележа царот и неговите дворјанци како што одат кон него. Орнан излезе и му се поклони на царот со лицето до земја. 21Орнан праша: „Зошто мојот господар цар дојде кај својот слуга?“ А Давид одговори: „За да го купи од тебе ова гумно, за да Му изгради жртвеник на Господа, па да прекрати поморот во народот.“ 22Орнан му рече на Давида: „Мојот господар и цар нека го земе и нека жртвува она што е добро во неговите очи! Еве говеда за паленици, млатови и волска спрема за дрва! 23Сѐ тоа слугата на мојот господар цар му го подарува на царот!“ Уште му рече Орнан на царот: „Господ, твојот Бог, нека ти биде милостив!“ 24Но царот му одговори на Орнан: „Не, туку сакам да купам од тебе и да платам; нема да Му принесувам на Господа, својот Бог, паленици што ми се подарени.“ И така Давид ги купи гумното и говедата за педесет сребрени сикли. 25Таму Давид Му изгради жртвеник на Господа и принесе паленици и помирителни жртви. Тогаш Господ ѝ се смилува на земјата, и прекрати поморот во Израел.

Селектирано:

2 САМОИЛ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се