Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЛЕТОПИСИ 8

8
Г. Соломонови дела и негова слава
1. Изградби, градење на градови, победи над непријатели
1А кога поминаа дваесет години, за колку време Соломон ги подигна Господовиот Дом и својот дворец, 2Соломон изгради градови, што му ги даде Хирам, и ги насели таму Израелевите синови. 3Потоа Соломон отиде против Совскиот Емат и го освои. 4Ги соѕида Тадмор и секакви места за складови во Емат. 5Ги изгради и Горниот Вет Орон и Долниот Вет Орон, тврди градови со ѕидови, со врати и со лостови; 6и Валат, и сите градови во кои што имаше складови, сите градови за воени коли и градовите за коњаниците, и сѐ што посака Соломон да гради во Ерусалим и во Ливан и по сета земја на своето царство. 7А на сите кои останаа: од Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци, 8на нивните синови кои останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа - Соломон им наметна данок до денешниот ден. 9Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови за работа, туку беа воини, заповедници на неговите штитоносци и заповедници на бојните коли и на коњицата. 10Беа главатари над управителите, кои ги имаше царот Соломон двеста и педесет, и управуваа со народот.
2. Дворец за фараонова ќерка
11Соломон ја пресели и фараоновата ќерка од Давидовиот Град во домот што ѝ го беше изградил, зашто мислеше: „Мојата жена не ќе живее во дворецот на израелскиот цар, зашто е свет откако во него дојде Господовиот Ковчег.“
3. Жртвопринесување
12Тогаш Соломон почна да Му принесува на Господа паленици на Господовиот жртвеник, што го беше изградил пред тремот, 13и тоа колку што требаше од ден во ден да принесе по Мојсеевата заповед, во саботи, и на младите месечини, и на празниците трипати во годината, на празникот Бесквасни лебови, на празникот Седмици, и на празникот Сеници. 14Ги постави, според уредбата на таткото Давид, свештеничките редови според нивната служба, и левитските по нивните должности, да слават со песни и да служат пред свештениците, колку што треба од ден во ден, и вратарите според нивните редови на секоја врата, зашто таква беше заповедта на Божјиот човек Давид. 15Не отстапија од царевата повелба за свештениците и за левитите во ништо, ниту за сокровиштата. 16Така се сврши сета Соломонова работа од денот кога беше положена основата на Господовиот Дом, па додека не го заврши. Така беше довршен Господовиот Дом. 17Тогаш Соломон отиде во Есион-Гавер и во Елот на морскиот брег во Едомската Земја. 18А Хирам му испрати преку слугите бродови и морнари вешти на морето, та отидоа со Соломоновите слуги во Офир; зедоа оттаму четири стотини и педесет таланти злато и му ги донесоа на царот Соломон.

Селектирано:

2 ЛЕТОПИСИ 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се