Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЛЕТОПИСИ 16

16
4. Грешен сојуз на Аса со Вен-Адад
1Во триесет и шестата година на Асиното царување, израелскиот цар Васа навали на Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да го спречи секое движење кон јудејскиот цар Аса. 2Тогаш Аса зеде сребро и злато од сокровиштето на Господовиот Дом и од царскиот дворец и му ги испрати на арамејскиот цар Вен-Адад, кој престолуваше во Дамаск, и му порача: 3“Сојуз нека биде меѓу мене и тебе, како што беше меѓу мојот и твојот татко; еве, ти праќам за дар сребро и злато, ајде, раскини го сојузот со израелскиот цар Васа, за да си отиде од мене.“ 4Вен-Адад го послуша царот Аса и ги испрати своите војсководачи против израелските градови, та тие ги покорија Ијон, Дан, Авел-Мајин и сите Нефталимови градови во кои имаше складишта. 5А кога Васа научи за тоа, прекрати да ја утврдува Рама, и ја запре работата. 6Тогаш царот Аса ги повика сите Јудејци, и тие ги однесоа камењата и дрвата со кои Васа ја утврдуваше Рама, па со тоа ги утврдија Гаваја и Миспа.
5. Ананиј го укорува Аса
7Во тоа време дојде гледачот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи се потпре врз арамејскиот цар, а не се потпре на Господа, својот Бог, војската на арамејскиот цар ти се извлече од раката. 8Немаа ли Етиопците и Либијците силни чети со мошне многу коли и коњаници? Па кога се потпре врз Господа, ти ги предаде во рацете. 9Зашто Господ гледа со своите очи по целата земја, за да се охрабрат оние на кои срцето им е искрено кон Него. Работеше безумно во тоа, затоа отсега ќе се дигаат војни против тебе.“ 10Тогаш Аса се разгневи на гледачот и го фрли во темница, зашто се разјари на него. Во тоа време Аса угнети и некои од народот.
6. Асина болест и смрт
11И ете, Асините дела, од првото до последното, се запишани во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви. 12Се разболе во триесет и деветтата година на царувањето, од нозете, та болеста му се влоши многу, но ни во болеста не Го бараше Господа, туку лекари. 13Така Аса почина со своите татковци и умре во четириесет и првата година на своето царување. 14Го погребаа во гробницата, што ја имаше ископано за себе, во Давидовиот Град и го положија на одар, што го имаше наполнето со мириси и масти, приготвени со аптекарска вештина, и му ги спалија мошне многу.

Селектирано:

2 ЛЕТОПИСИ 16: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се