Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЛЕТОПИСИ 12

12
7. Египетски цар Сисак го поразува Ровоама
1Кога Ровоам го зацврсти царството и зајакна, го напуштија Господовиот закон и тој и сиот Израел со него. 2Но во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим, затоа што тие отстапија од Господа. 3Дојде со три илјади и двеста бојни коли и со шеесет илјади коњаници, а на народот кој дојде со него од Египет - на Либијците, Сухејците и Етиопците - му немаше број. 4Откако ги освои тврдите јудејски градови, допре до Ерусалим. 5Тогаш дојде пророкот Семај кај Ровоам и кај јудејските кнезови, кои што се беа собрале во Ерусалим бегајќи од Сисак, и им рече: „Господ вели вака: ‘Вие Ме оставивте Мене, па и Јас ве оставам во рацете на Сисак.’“ 6Тогаш израелските кнезови и царот се понижија, и рекоа: „Господ е праведен!“ 7Кога Господ виде дека се понижија, Неговото слово му дојде на Семај: „Се понижија; нема да ги уништам, туку скоро ќе им дадам спасение, та Мојот гнев нема да се обори на Ерусалим преку Сисака. 8Ќе му бидат слуги, за да видат што значи да Ми се служи Мене, а што на земните цареви.“
9Така египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим, ги ограби благото од Господовиот Дом и ризницата на царскиот дворец; зеде сѐ; ги зеде и златните штитови што ги имаше направено Соломон. 10Место нив Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата, која ја чуваше вратата на царскиот дворец. 11Царот кога и да одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата. 12И така, кога се смири, Господовиот гнев се одврати од него та не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.
8. Ровоамова смрт
13Потоа царот Ровоам се утврди во Ерусалим и царуваше. На Ровоам му беа четириесет и една година кога се зацари, а царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот кого Господ го избра меѓу сите израелски племиња за да го постави таму Своето Име. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. 14Правеше зло, зашто не се заложи со срцето да Го бара Господа.
15Ровоамовите први и последни дела - и војните што беа водени непрекратно меѓу Ровоам и Јеровоам - запишани се во книгата на пророкот Семај и во племенскиот попис на гледачот Адон. 16Потоа Ровоам почина со своите татковци и беше погребан во Давидовиот Град; на негово место се зацари син му Авиј.

Селектирано:

2 ЛЕТОПИСИ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се