1 КОРИНТЈАНИТЕ 8
8
За месо од идолски жртви
1Во однос на жртвите на идолите, знаеме дека сите ние имаме знаење. Но знаењето вообразува, а љубовта надѕидува. 2Ако некој мисли дека знае нешто, тој уште не знае како треба да знае! 3Но, ако некој Го љуби Бога, него Бог го познава. 4И така, во однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот. 5Зашто, ако и има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господари, 6но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е сѐ и за Кого сме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ, и преку Кого сме и ние.
7Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест. 8Меѓутоа јадењето не нѐ прави угодни на Бога: ниту губиме нешто, ако не јадеме; ниту добиваме нешто, ако јадеме. 9Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане сопка на слабите! 10Зашто ако некој те види тебе, кој имаш знаење, како седиш на трпеза во идолскиот храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаба, да биде поттикната да јаде од жртвуваното на идолите? 11И заради твоето знаење загинува слабиот брат, за кого Христос умре. 12Така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, грешите против Христа. 13Затоа, ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот брат.
Селектирано:
1 КОРИНТЈАНИТЕ 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.