Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 18

18
Д. Давидови победи над непријатели
1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце. 2Ги порази и Моавците, и тие станаа Давидови поданици кои му донесуваа данок. 3Давид го порази и Адад-Езера, совскиот цар во Емат, кога излезе да ја утврди својата власт до реката Еуфрат. 4Давид зароби од него илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги пресече петичните жили на сите коњи на бојните коли, остави само сто. 5Дамаските Арамејци му беа дошле на помош на Адад-Езер, ама Давид погуби меѓу Арамејците дваесет и две илјади луѓе. 6Постави намесник во Арамејскиот Дамаск. Така Арамејците станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше. 7Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим. 8И од Адад-Езеровите градови Тиват и Хун однесе многу бронза, од која Соломон го направи бронзеното море, столбовите и бронзените посатки.
9Кога ематскиот цар Тој чу дека Давид ја порази целата војска на Адад-Езера, совскиот цар, 10му го испрати на Давида својот син Адорам за да го поздрави и за да му честита, зашто војуваше против Адад-Езера и зашто го порази, бидејќи Тој беше во војна со Адад-Езер; и за да му однесе секакви златни, сребрени и бронзени предмети. 11И нив Давид му ги посвети на Господа со среброто и златото што го имаше земено од сите народи, од Едомците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците.
12Серуиниот син Ависај погуби осумнаесет илјади Едемци во Солената Долина. 13Давид постави намесници по Едом. Така сите Едомци станаа Давидови слуги. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.
14Давид царуваше над сиот Израел правејќи му право и правда на сиот свој народ. 15Серуиниот син Јоав беше заповедик на војската; синот Ахилудов беше таен советник. 16Синот Ахитовов Садок и синот Авимелехов беа свештеници, Суса писар. 17Синот Јодаев Венаја беше над Херетците и над Фелетците, а Давидовите синови беа први до царот.

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 18: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се