Марко 13
13
ГЛАВА 13
(Зачало 58)
1Акога излегуваше#Петок од 33-та седмица по Педесетница: Во она време, кога излегуваше Исус од храмот, еден од учениците Негови Му рече: – Учителе, гледај какви камења и какви згради!
2Исус му одговори и рече: – Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат.
3А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј:
4– Кажи ни кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се изврши сето тоа?
5Исус, одговарајќи им, почна да зборува: – Чувајте се, да не ве прелаже некој.
6Оти мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.
8Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има и потреси, и глад, и маки. Тоа е почетокот на болките.
Крај на петокот
(Зачало 59)
9Но, вие чувајте се сами,#Понеделник од 34-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Чувајте се сами, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени заради Мене, за сведоштво пред нив.
10И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.
11Кога, пак, ќе ве поведат за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие кои ќе говорите, туку Светиот Дух.
12И брат братот ќе го предаде на смрт, и татко чедото, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги убијат.
13Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
Крај на понеделникот
(Зачало 60)
14Акога#Вторник од 34-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Кога ќе ја видите, „мерзоста на запустението“, како што рекол пророкот Даниил, да стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
17Но, тешко на бремените и на оние што ќе дојат во тие дни.
18Туку, молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19Зашто во тие дни ќе биде мака, каква што не била до сега од почетокот на светот, што го создаде Бог, а и нема да биде.
20И, ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спа сил ниеден човек; но заради избраните кои ги избра Он, ќе ги скрати дните.
21Тогаш, ако ви каже некој: еве, овде е Христос, или: ене, таму е, – не верувајте!
22Бидејќи ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23Но вие – чувајте се! Ете, сѐ претходно ви кажав.
Крај на вторникот
(Зачало 61)
24Во тие дни,#Среда од 34-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Во тие дни по жалос та, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,
25и ѕвездите небески ќе попаѓаат, и силите што се на небото ќе се разнишаат.
26И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како доаѓа на облаците, со голема сила и слава.
27Па ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки ќе се подмладат и ќе пуштаат лисја, знаете дека е близу летото.
29Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу пред врата.
30Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни.
(Зачало 62)
31Небото#Четврток од 34-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
Крај на средата
32А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.
34Како што човек кој, заминувајќи, ја оставил куќата своја и дал власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповедал да биде буден;
35така бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или кога петлите ќе пропејат, или наутро;
36па, да не дојде ненадејно и да ве затекне да спиете.
37А ова што ви го зборувам вам, им го зборувам и на сите: бидете будни!
Селектирано:
Марко 13: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008