Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 12

12
ГЛАВА 12
(Зачало 53)
1И почна да им говори во параболи:#Петок од 17-та и 32-та седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: – Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и кога го предаде на лозарите, си отиде.
2А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.
3Но, тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.
4И пак испрати при нив друг слуга; и него го биеја со камења, му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.
5Испрати и друг; и него го убија; и мнозина други, или натепаа, или, пак, ги убија.
6Па, бидејќи имаше уште еден син, нему мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: – Ќе се засрамат од сина ми.
7Но, лозарите си рекоа помеѓу себе: – Овој е наследникот; ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.
8Па како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10Зар не сте читале во Писмото: „каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен аголен:
11тоа е од Господа, и прекрасно е во очите наши“!
12И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа, дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.
Крај на петокот
(Зачало 54)
13И испратија кај Него#Понеделник од 32-та седмица по Педесетница: Во она време, првосвештениците и старешините Јудејски испратија кај Исуса некои од фарисеите и од иродовците, за да Го фатат во збор.
14Тие дојдоа и Му рекоа: – Учителе, знаеме дека си правичен и дека не се боиш од никого, оти не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?
15А Он, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: – Зошто Ме искушувате? Донесете ми една пара да ја видам!
16И тие донесоа. Па им рече: – Чиј е овој лик и натпис? Му рекоа: – На царот.
17А Исус им одговори и рече: – Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога! И тие Му се чудеа.
Крај на понеделникот
(Зачало 55)
18Дојдоа при Него и садукеите,#Вторник од 33-та седмица по Педесетница: Во она време, дојдоа при Исуса садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи:
19– Учителе, Мојсеј ни напиша: – ако некому му умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си.
20Беа седум браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.
21Неа ја зеде вториот брат, и умре, но и тој не остави пород; исто и третиот.
22Ја земаа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената.
23При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив ќе биде жена? Оти седуммина ја имаа како жена.
24А Исус им одговори и рече: Не се лажете ли за ова, бидејќи не ги познавате Книгите, ниту силата Божја.
25Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а се како ангели на небесата.
26А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгата на Мојсеја, како му рече Бог при капината: „Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаасков, и Бог Јаковов“?
27Но, Он не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие, пак, многу се лажете.
Крај на вторникот
(Зачало 56)
28Тогаш пристапи еден од книжниците, којшто ги слушаше како се препираат и#Среда од 31-та седмица по Педесетница: Во она време, пристапи кон Исуса еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат садукеите со Него, и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го праша: – Која е прва од сите заповеди?
29А Исус му одговори: – Прва од сите заповеди е: „Чуј Израиле! Господ, Бог ваш, е еден Господ;
30и, возљуби Го Господа својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила“! Тоа е првата заповед.
31А втората е слична на неа: „Возљуби го својот ближен како себеси“! Друга заповед, поголема од овие, нема.
32Книжникот Му рече: – Добро, Учителе. Право кажа, дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него;
33и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите сепаленици и жртви.
34Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: – Не си далеку од царството Божјо. По тоа, никој веќе не смееше да Го праша.
35И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: – Како говорат книжниците, дека Христос е син Давидов?
36Самиот, пак, Давид кажа преку Светиот Дух: „Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои“.
37И така, самиот Давид Го нарече Господ; од каде тогаш да Му е Он син? И многу народ Го слушаше со сладост.
Крај на средата
(Зачало 57)
38И им говореше во Својата поука:#Четврток од 33-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: – Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улиците,
39и предни седишта во синагогите, и први места на гозбите.
40Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.
41И седна Исус спроти ковчежето, па гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу.
42И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што прават еден кодрант.
43А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: – Вистина ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите коишто пуштија во ковчежето;
44зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целата своја живејачка.
Крај на четвртокот

Селектирано:

Марко 12: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се