Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 2

2
ГЛАВА 2
(Зачало 6)
1На третиот ден имаше#Понеделник од втората седмица по Воскресение: Во она време, имаше свадба во Кана Галилејска, и мајката на Исуса беше таму.
2Поканет беше на свадбата, исто така, и Исус, и учениците Негови.
3А кога приврши виното, мајка Му Му рече на Исуса: – Немаат вино.
4Исус ѝ рече: – Што се однесува тоа до нас, жено? Уште не дошол Мојот час.
5Но Неговата мајка им рече на слугите: – Сѐ што ќе ви рече, направете!
6А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според јудејскиот обичај за очистување, коишто собираа по две до три мери.
7И Исус им рече: – Наполнете ги садовите со вода! И тие ги наполнија до горе.
8Па им кажа: – Налијте сега и однесете му на старосватот! И му однесоа.
9И кога вкуси старосватот од виното што беше постанало од вода – а тој не знаеше од каде е, ама слугите што ја беа донеле водата, знаеја, – го повика младоженецот,
10и му рече: – Секој човек најнапред изнесува добро вино и, кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; а ти си го зачувал доброто вино за сега.
11Така Исус направи почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа Својата слава; и учениците Негови поверуваа во Него.
Крај на понеделникот
(Зачало 7)
12Потоа слезе во#Петок од Светлата седмица: Во она време, слезе Исус во Капернаум, Он и мајка Му, и браќата Негови, и учениците Негови; и таму останаа неколку дена.
13Наближуваше Пасха јудејска, и Исус се искачи во Ерусалим;
14и ги затекна во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат.
15И кога направи бич од врвци, ги истера од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврте масите;
16па им рече на оние што продаваа гулаби: – Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец не правете дом за тргување!
17Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде“.
18А Јудејците одговорија и Му рекоа: – Со каков знак ќе ни докажеш дека можеш да го правиш тоа?
19Им одговори Исус и рече: – Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам.
20А Јудејците рекоа: – Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?
21Но, Он говореше за храмот на Своето тело.
22А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот што беше го рекол Исус.
Крај на петокот
23И кога беше во Ерусалим на празникот Пасха, мнозина, гледајќи ги чудата Негови што ги правеше, поверуваа во Неговото име.
24Но Самиот Исус не им се доверуваше, оти ги познаваше сите,
25и немаше потреба да Му сведочи некој за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Селектирано:

Јован 2: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се