Јован 3
3
ГЛАВА 3
(Зачало 8)
1Меѓу фарисеите беше еден човек#Четврток од Светлата седмица: Во она време, беше меѓу фарисеите еден човек по име Никодим, кнез јудејски.
2Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: – Рави! Знаеме дека Ти си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако со него не е Бог.
3Му одговори Исус и рече: – Вистина, вистина ти велам, ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.
4Никодим Му рече: – Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?
5А Исус му одговори: – Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;
6зашто, роденото од тело – тело е; а роденото од Дух – дух е.
7Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора;
8Духот дише каде што сака и гласот Негов го слушаш, ама не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Дух.
9Никодим Му одговори и рече: – Како може тоа да биде?
10Исус одговори и Му рече: – Ти си учител Израилев, па тоа ли не го знаеш?
11Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме и сведочиме за она што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.
12Кога за земни работи ви говорев и не верувавте, како ќе поверувате ако би ви говорел за небесни?
(Зачало 9)
13Никој#Недела пред Воздвижение: Рече Господ: Никој не се искачил на небо, освен Синот Човечки, Којшто слезе од небото и Кој е на небото.
14И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,
15та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен.
Крај на четвртокот
(Зачало 10)
16Зашто Бог толку го возљуби светот,#Вторник од втората седмица по Воскресение: Рече Господ: Бог толку го возљуби светот, та Го даде Својот Единороден Син, па секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен.
17Бидејќи Бог не Го испра ти Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
Крај на неделата пред Воздвижение
18Којшто верува во Него, нема да биде суден, а кој не верува, тој веќе е осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
19А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, ама на луѓето повеќе им омиле темнината отколку светлината, оти нивните дела беа лоши.
20Зашто секој што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави.
21А оној што твори вистина, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.
Крај на вторникот
(Зачало 11)
22Потоа дојде Исус со#Сабота од Светлата седмица: Во она време, дојде Исус со учениците Свои во земјата јудејска, и таму живееше со нив, и крштеваше.
23А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа,
24оти Јован уште не беше фрлен в затвор.
25Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето.
26И дојдоа при Јована и му рекоа: – Учителе, Оној што беше со тебе оданде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Он крштева и сите одат при Него.
27А Јован одговори и рече: – Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото.
28Вие самите сте мои сведоци, дека реков: јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.
29Оној што има невеста, младоженец е; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни.
30Он треба да расте, а јас да се смалувам.
31Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, над сите е.
32И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвата Негови никој не ги прима.
33Кој го примил Неговото сведоштво, потврдил дека Бог е вистински.
Крај на саботата
34Кого, пак, Бог го испратил, Он говори Божји зборови; оти Бог не Го дава Духот со мерка.
35Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сѐ Му даде во раката Негова.
36Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.
Селектирано:
Јован 3: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008