Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 10

10
Остатокот на Израилот се обраќа кон Бога.
1Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија,
2за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците.
3А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое?
4Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
5О, Асуре, жезло на Мојот гнев и бич на Моето негодување!
6Ќе го испратам против нечесен народ и против народот на Мојот гнев, ќе му дадам повелба грабеж да граби и плен да плени и да ги гази како улична кал.
7Но тој нема така да расуди, срцето негово нема да помисли вака: нему на срце ќе му биде – да разурне и да истреби многу народи.
8Зашто тој ќе рече: »Нели се сите цареви мои кнезови?
9Халне не е ли она што и Кархемис? Емат не е ли она што и Арпад? Самарија не е ли она што е Дамаск?
10Бидејќи раката моја завладеа со идолските царства, во кои беа идолите повеќе отколку во Ерусалим и Самарија, –
11тоа нема ли да го направам истото со Ерусалим и со неговите кипови, како што направив со Самарија и со нејзините идоли?
12А кога Господ ќе го изврши сето Свое дело на гората Сион и во Ерусалим, тогаш ќе го казнам плодот на горделивото срце на царот асирски и дрскоста на високо кренатите му очи.«
13Зашто рече: »Со силата на Своите раце и со премудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместам границите на народите, и нивните богатства ги ограбив,
14раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уса не отвори, ниту писна.«
15Се крева ли на големо секирата пред оној што сече со неа? Се гордее ли трионот пред оној што го движи? Како стап да се крева против оној што го дига! Како божем прачка се крева против оној, кој не е дрво!
16Затоа Господ, Господ Саваот ќе испрати немоќ на неговите здрави и меѓу првенците на твојата чест бесчестие и врз твојата слава оган на зло ќе се разгори.
17Светлината на Израилот ќе биде оган, а неговиот Светец – пламен, кој ќе ги изгори и ќе ги изеде трњето негови и боцките негови во еден ден;
18ќе ја истреби славната шума негова и градината негова, од душа до тело, и тој ќе биде како немоќен, кој умира.
19И другите дрвја од шумата негова ќе бидат толку малубројни, што дури и дете ќе може да им направи опис.
20И ете, во тој ден Израилевиот остаток и спасените од домот на Јакова нема веќе да се потпираат на оној, кој ги порази, но простосрдечно ќе положат надеж во Господа, Светецот Израилев.
21Остатокот ќе се врати, остатокот на Јакова, ќе се врати кон Бога Силен.
22Зашто, иако твојот народ, Израиле, е колку морскиот песок, само остатокот негов ќе се обрати; решението за истребување е преисполнето со правда;
23зашто решеното истребување ќе го изврши Господ, Господ Саваот, по целата земја.
24Поради тоа вака вели Господ, Господ Саваот: »Народе Мој, што живееш на Сион, не бој се од Асура. Тој ќе те порази со жезло и ќе го крене стапот против тебе, како Египет.
25Уште малку, сосема малку, – и Мојот гнев ќе мине, јароста Моја ќе се сврти да ги истреби.«
26И ќе крене Господ Саваот бич врз него, како кога го порази Медијам кај карпата Орив, или како кога го протегна жезлото врз морето, ќе го крене како врз Египет.
27Во тој ден ќе биде симнат од твоите рамења товарот негов, и јаремот негов – од твојот врат; јаремот ќе се скрши од дебелина.
28Тој оди против Ајат, го минува Мигрон, натрупува харни во Михмас.
29Ти минуваат клусири; Во Гева ноќеваат; Рама се тресе; Гива Саулова се разбега.
30Викај со глас ќерко Галимова; нека те чуе Лаис, беден Анатоте!
31Мадмена се разбега, жителите на Гевим брзаат да побегнат.
32Уште еден ден ќе престојува тој во Нов; со раката своја ја заплашува гората Сион, ерусалимскиот рид.
33Ете, Господ, Господ Саваот со страшна сила ќе ги откине гранките на дрвјата и кои со својот раст се зголемуваат, ќе бидат пресечени, високите – на земја соборени.
34И горскиот гасталак Он ќе го исече со меч, – и Ливан ќе падне од Семоќниот.

Селектирано:

Исаија 10: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност