Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 49

49
Јакововиот благослов, последната наредба и смртта.
1Потоа ги повика Јаков синовите свои и им рече: »Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ќе се случи со вас во последните денови.
2Соберете се и послушајте ме, вие синовите на Јакова, послушајте го Израилот таткото ваш –
3Рувиме, сине мој првороден, ти си крепост моја и почеток на чедата мои; прв по достоинство и прв по сила.
4Ти бликаш како вода; нема да се издигнеш, зашто се качи на татковото легло, и ја оскверни постелата моја, на која се качи.
5Симеон и Левиј се браќа, но направија оружје на неправда.
6Во советувањата нивни да не влегува душата моја, и во собирот нивни да не учествува славата моја; бидејќи тие во гневот свој убија луѓе, а за своја веселба испокинаа жили на јунец.
7Проклет да е гневот нивни, оти е жесток, и лутината нивна, зашто е свирепа; ќе ги разделам во Јакова, и ќе ги растурам во Израилот.
8Јудо! Тебе ќе те фалат браќата твои, и рацете секогаш ќе ти бидат врз плеќите на непријателите твои; и тебе ќе ти се клањаат синовите на таткото твој.
9Јудо, лаве мој мал! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легуваш како лав и лавица. Кој смее да те разбуди?
10Нема да недостасува кнез од Јуда, и водач од бедрата негови, сѐ дури не дојде Оној, Кому му припаѓа власта, и Он е надеж на народите.
11Тој го врзува за лоза оселот свој, и полето на неговата ослица за дебела прачка; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое;
12очите му се повесели од вино и забите му се побели од млеко.
13Завулон ќе живее покрај море и при морско пристаниште, а границата ќе му биде до Сидон;
14Исахар го засака доброто, почивајќи меѓу огради;
15па, откако виде дека почивката е добра и дека е земјата плодна, ги сви рамењата свои под трудот и стана земјоделец.
16Дан ќе му суди на својот народ, како и на секое племе Израилево.
17Дан нека биде змија на пат што седи на раскрсница, која, штом го каснува коњот за нога, јавачот негов паѓа назад.
18чекајќи спасение од Господа.
19А Гад, него незгоди ќе го снајдат, но тој, одејќи им по трагите, ќе ги совлада.
20Кај Асира ќе има храна во изобилие, тој ќе им дава храна на кнезовите.
21Нефталим е како стебло разгрането, што развило убави гранки.
22Јосиф е син мој издигнат, син ревносен, син мој најмлад, свртен кон мене!
23Иако здоговорено те навредуваа, огорчуваа луто и иако силните ги управуваа стрелите во тебе,
24се сотреа со сила нивните лакови и ослабнаа мускулите на рацете нивни од силната рака на Јакова: така Израилот, таткото твој ојакна од Бога.
25И ти помогна мојот Бог и те благослови со благослов одозгора од небото, и со благослов од земјата, со благослов од сите гради, од сите утроби.
26Благословите на таткото твој и на мајката твоја ги надминаа благословите на старите планини и благословите на вечните ридови; тие нека се спуштат над главата Јосифова, избраниот меѓу браќата, над кои господареше.
27Венијамин е волк граблив, наутро јаде лов, а навечер го дели пленот.«
28Тоа се дванаесетте синови Јаковови, и тоа им го изговори таткото нивни, ги благослови: секого со благословот негов ги благослови.
29Потоа им рече: »Јас се прибирам при родот свој, погребете ме при татковците мои, во пештерата што е во нивата на Хетеецот Ефрон.
30Во пештерата, што се наоѓа во нивата Макпелска спроти Мамре, во земјата Хананска, која ја беше купил Авраам од Хетеецот Ефрон, за да има свој гробница.
31Таму ги погребаа Авраама и жената негова Сара, таму го погребаа и Исака и Ревека, жената негова, а таму ја погребаа и Лија;
32во сопствената нива и пештерата, што е во неа, која е купена од синовите Хетееви.«
33И престана Јаков да им говори на синовите свои, го повлече нозете во постелата, па умре – и се прибра кај предците свои.

Селектирано:

Битие 49: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се