Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 33

33
Измирување на Јакова со Исава. Јаков се населува во Сихем.
1И погледа Јаков со очите свои, па виде, ете Исав, братот негов доаѓа, и со него четиристотини луѓе. И ги раздели децата на Лија, и на Рахил и на двете слугинки.
2И ги постави слугинките со нивните деца напред, а Лија и нејзините деца зад нив; додека Рахил со Јосифа беа последни.
3А самиот тој излезе прв пред нив и седумпати се поклони доземи, додека не дојде до братот свој.
4Исав истрча пред него и го прегрна, па му се обеси околу вратот и го бакна, и обајцата заплакаа.
5Исав, пак, кревајќи ги очите, ги виде жените и децата, па рече: »Кои ти се овие?« А Јаков одговори: »Деца, со кои Бог го помилува слугата твој.«
6Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија.
7Потоа пристапи Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахил, и се поклонија.
8А Исав рече: »Зошто ти е сите оние луѓе, што ги сретнав?« Јаков одговори: »Да најдам милост пред очите на господарот мој.«
9Исав, пак, рече: »Има, брате, при мене доста; нека ти остане табе она што е твое.«
10Но Јаков рече: »Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да бев го видел лицето Божјо.
11Прими го дарот мој, што го донесов; бидејќи изобилно ме обдари Бог, и имам сѐ.« И навали на него и тој го прими.
12Потоа рече Исав: »Ајде да одиме, ќе појдам и јас со тебе.«
13Но Јаков му рече: »Знае господарот мој дека овие деца се мали, а имам овци и крави доилки, па, ако ги подгонам само еден ден побрзо, ќе ми изгине сето стадо.
14Туку нека тргне господарот мој пред слугата негов, а јас ќе одам полека, колку што можат децата и добитокот пред мене, и ќе дојдам кај господарот мој во Сеир.«
15Исав рече: »Ќе ти оставам неколку луѓе, што се со мене.« Јаков одговори: »Зошто? Доволно е само да најдам милост пред господарот мој.«
16И така Исав се врати истиот ден по својот пат во Сеир.
17А Јаков отиде и таму си направи дом, а за добитокот свој направи трла. Затоа тоа место го нарече Сокот.
18Потоа Јаков дојде во Сихем, град во земјата Хананска, откако се врати од Месопотамија, и се насели спроти градот.
19И купи парче земја, каде што го распна шаторот свој, од Емор, таткото Сихемов, за сто ковани пари.
20И таму подигна жртвеник, и го призва Бога Израилев.

Селектирано:

Битие 33: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се