Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 38

38
Дворот и неговите работи. Колку злато, сребро и бакар.
1И направи од дрвото ситим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок, и ги опкова со бакар;
2а направи и рогови на неговите четири агли, така што роговите да излегуваат од него, и го опкова со бакар.
3И ги направи сите садови за жртвеникот: котлиња, кадилниците, чашките и вилушките, и клештите; сите потреби му ги направи од бакар.
4а на жртвеникот му направи решетка од бакар како мрежа на дното, од дното па до средината наоколу;
5и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење.
6А лостовите ги направи од дрвото ситим и ги опкова со бакар.
7Па ги провлече лостовите низ алките од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен одвнатре.
8Направи и мијалник од бакар и подножје од бакар со убави шарки, кои го красеа влезот на скинијата на сведоштвото.
9И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од ткаен висон, по сто лакти долги;
10дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и лостовите беа од сребро.
11Така и од северната страна, сто на сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и лостовите нивни од сребро.
12А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја – десет; кукичките за столбовите и лостовите нивни од сребро;
13и од источната страна, завеси од педесет лакти.
14За западната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив;
15и за другата задна страна (отаде и одовде на вратата однадвор) завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив – три.
16Сите завеси на дворот наоколу беа од ткаен висон.
17а подножјата од столбовите – од бакар, кукичките за столбовите и лостовите на нив – од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребро поврзани.
18А завесата на вратата од дворот – везена – од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, долга дваесет лакти, а во висина по ширината пет лакти, како и другите завеси во дворот;
19и четири столба за нив, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, а врвовите нивни посребрени.
20Сите колчиња околу скинијата и дворот беа од бакар.
21Ете, тоа се изработките за скинијата на сведоштвото, направени по заповедта на Мојсеја за левитите а под надзор на свештеникот Итамара, син на Арона.
22А си она како што му заповеда Господ на Мојсеја, го направи Веселеил, син на Урија, синот Оров, од племето Јудино.
23И со него Елијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, резбар, вешт ткајач и везач на порфирна ткаенина сина, црвена и темноцрвена и на ткаен висон.
24Сето злато, што беше употребено за сите потреби на светилиштето, злато, принесено на дар, беше дваесет и девет таланти и седумстотини и триесет сикли, свештени сикли;
25а среброто преброено од дародавците – сто таланти и илјада седумстотини седумдесет и пет сикли, свештени сикли.
26По половина сикла од човек, пресметано според свештената сикла, од секој што доаѓа на пребројување, од дваесет години и нагоре, од шестотини и три илјади и петстотини и педесет души.
27Сто таланти сребро беа употребени за лиење на подножјата за светилиштето и подножјата за завесите; сто подножја од сто таланти, по талант на подножје;
28а од илјада и седумстотини и седумдесет и петте сикли тој направи кукички за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и лостови за нив.
29А од принесениот дар во бакар имаше седумдесет таланти, и две илјади и четиристотини сикли;
30и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата на сведоштвото, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сите садови за жртвеникот;
31подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.

Селектирано:

Исход 38: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се