Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 11

11
Заповед за излегување од Египет. Заканување со десетто страдање.
1Пак му рече Господ на Мојсеја: »Уште едно зло ќе пратам над Фараонот и над Египет, па тогаш ќе ве пушти оттука; и кога ќе ве пушти, просто ќе ве истера.
2А сега кажи му на народот тајно – секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја накит сребрен и накит златен а и облека.«
3И даде Господ народот да најде милост кај Египтјаните и им дадоа; а и самиот Мојсеј беше многу голем човек пред Египтјаните и пред Фараонот, пред очите на слугите негови и пред народот.
4И рече Мојсеј: »Вака вели Господ: ‚На полноќ ќе поминам низ Египет,
5и ќе умре секој првороден во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток.
6И ќе стане пискот голем по целата земја египетска каков што уште немало, ниту некогаш ќе го има.
7А кај синовите Израилеви нигде наме ни куче да лавне со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види колку ќе се прослави Господ меѓу Израилците и Египтјаните.‘
8Па ќе дојдат сите тие слуги твои кај Мене, и ќе Ми се поклонат, велејќи: ‚Оди си и ти и целиот твој народ, што го водиш со тебе.‘ И тогаш ќе излезам.« И си излезе Мојсеј од Фараонот со голем гнев.
9А Господ му рече на Мојсеја: »Нема да ве послуша Фараонот, за да се умножат знаците и чудесата Мои во земјата Египетска.«
10Мојсеј и Арон ги направија сите знаци и чудеса пред Фараонот, но Господ му го ожесточи срцето на Фараонот, и тој не сакаше да ги пушти синовите Израилеви од земјата Египетска.

Селектирано:

Исход 11: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се