Захарија 4
4
Петто видение: Златен свеќник и две маслини
1И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон. 2#2 Мојс 25,31-40; 1 Цар 7,49; Ер 52,19; Откр 2,1Па ми рече: „Што гледаш?“ Одговорив: „Еве, гледам свеќник цел од злато и чашка за масло врз него, а и седум кандилца на него и по седум цевчиња за кандилцата, при врвот. 3#Откр 11,4И две маслинови дрвја на него – едно десно од чашката, а друго лево од неа.“ 4Му се обратив и му реков на ангелот, кој говореше со мене: „Што претставува ова, господине?“ 5И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: „Зар не знаеш што е тоа?“ Му реков: „Не знам, господине мој.“ 6#1 Сам 17,47; Ос 1,7Тогаш одговори и ми рече: „Тоа е словото Господово кон Зоровавел, што кажува – не со сила не со снага, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот. 7#Ис 28,16; Пс 118,22; Јов 38,6-7; 1 Птр 2,4Која си ти, планино голема, пред Зоровавел: пред него си рамнина и тој ќе го изнесе каменот темелник со восклик: благодат, благодат врз него!“ 8И дојде слово Господово до мене: 9#2,15„Рацете на Зоровавел ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ќе го завршат, и ти тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме прати кај вас. 10#3,9; Агеј 2,3-5; Откр 5,6Зашто, кој го презира денот на скромните почетоци? Ќе се израдуваат кога ќе ја видат ѕидарската висулка во рацете на Зоровавел. Оние седум се очите на Господ, што со поглед ја опфаќаат целата земја!“ 11Потоа одговорив и му реков: „Што значат оние две маслинови дрвја од десната и од левата страна на свеќникот?“ 12И пак почнав да му зборувам и му реков: „Што треба да означуваат оние две маслинови гранчиња, што се наоѓаат меѓу двете златни цевчиња, кои долеваат масло?“ 13А тој ми рече: „Зар не ти е познато што е тоа?“ Му одговорив: „Не знам, господине мој.“ 14#6,5; Ис.Н. 3,11; Мих 4,13; Откр 11,4Тогаш тој ми рече: „Па тоа се двајцата помазаници кои стојат пред Господарот над целата земја.“
Селектирано:
Захарија 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006