Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 5

5
Шесто видение: Свиток што лета
1Потоа пак ги подигнав очите и видов: а тоа лета свиток. 2#1 Цар 6,3; Ез 2,9-10; Откр 10,9-11И ме праша тој: „Што гледаш?“ Му одговорив: „Гледам свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти.“ 3#2 Мојс 20,7.15; Ис 24,6; Мал 3,5Тогаш ми рече: „Тоа е проклетството што ќе се излие врз целата земја; и секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби – како што е напишано на другата страна. 4#Ез 6,11; Изреки 3,33Јас го пуштив – вели Господ – и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое, и ќе остане во домот негов, и ќе ги истреби него, и дрвјата негови и камењата негови.“
Седмо видение: жена во кошница
5Тогаш влезе ангелот, што зборуваше со мене, и ми рече: „Подигни ги очите пак и погледај – што е она што излегува?“ 6А кога прашав: „Што е тоа?“ тој ми одговори: „Она што излегува е кошница од една ефа, па додаде: тоа е престапот нивен по целата земја.“ 7И, ете, одеднаш се подигна капак од олово, а таму една жена седеше во кош­ницата за една ефа. 8Ми рече тој: „Таа жена е беззаконието“, па ја турна во кошницата за ефата, а отворот го затна со оловниот капак. 9#Ез 8,3; Откр 12,14И одново ги подигнав очите и видов: одеднаш се појавија две жени, и ветар имаше меѓу крилјата нивни; а крилјата им беа како крилја на штрк; и ја кренаа тие кошницата за ефата и ја понесоа угоре меѓу земјата и небото. 10Го прашав ангелот, што зборуваше со мене: „Каде ја носат таа кошница за ефа?“ 11#Дан 1,2А тој ми одговори: „За да се изгради за неа дом во земјата Сенаар, и кога ќе биде сѐ подготвено; тогаш таа ќе биде однесена и поставена на своето место.“

Селектирано:

Захарија 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се