Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4:16-21

Римјаните 4:16-21 MK2006

Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздра­вено не само по Законот, туку и по ве­ра­та за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас, според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суш­тествува, она што не суштествува. Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според рече­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“ И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна; и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога, наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 4:16-21