Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 2:1-7

Откровение 2:1-7 MK2006

На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди среде седумте свеќници; ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци; дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов. Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш. А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност