Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 2

2
Порака до црквата во Ефес
1 # 1,16 На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди среде седумте свеќници; 2#3,1.8.15; 2 Кор 11,13.15ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци; 3дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил. 4Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов. 5#2,16.22Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш. 6А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам. 7#13,9; 1 Мојс 2,9; 3,22.24; Мт 13,9; Јн 16,13-15.33; 1 Јн 5,4Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.
Порака до црквата во Смирна
8 # 1,17-18; Ис 44,6; 48,12 И на ангелот на Смирненската црк­ва напиши му: така вели Првиот и Пос­ледниот, Кој беше мртов и еве оживеа: 9#3,9; Јн 4,22; 8,37-44; 2 Кор 11,14-15; Јк 2,5ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудеј­ци, а не се, туку се сатанска збирштина. 10#3,11; 4,4.10; 12,1; Дан 1,12; 1 Кор 9,25; Јк 1,12Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот не­кои од вас ќе фрли в затвор за да ве ис­куша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот. 11#20,6.14; 21,8Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.
Порака до црквата во Пергам
12 # 1,16; 19,15; Ис 49,2; Евр 4,12 А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици: 13(ги) знам (делата твои) каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во де­но­вите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија средина живее сатаната. 14#4 Мојс 25,1-2; 31,16; 1 Кор 8,10; 2 Птр 2,1.5; Јуда 1,11Но за неколку работи сум против тебе, зашто имаш таму некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израелови, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат. 15#2,6А имаш и некои што го држат уче­њето на николаитите, кое го мразам. 16#2,12; 3,11; 22,7.12.20Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја. 17#3,12; 19,12; Ис 62,2; 65,15; Пс 78,24Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што по­бе­дува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!
Порака до црквата во Тиатир
18 # 1,14-15; 19,12; Дан 10,6 И на ангелот на Тиатирската црква напиши му: ова го вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза: 19ги знам твоите дела, и љубовта, и службата, и верата, и служењето, и трпението твое, и дека твоите последни дела се побројни од првите. 20#2,14; 4 Мојс 25,1-2; 1 Цар 16,31Но за ова сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себе се нарекува пророчица, да ги учи и ма­ми слугите Мои да блудствуваат и да ја­дат идолски жртви. 21А ѝ дадов време да се покае за блудството свое, но таа не се покаја. 22Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што блудствуваа со неа, во маки големи – ако не се покаат за делата свои. 23#18,6; Ер 11,20; 17,10; Пс 7,8; 62,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Тим 4,14И чедата нејзини ќе ги казнам со смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас сум Оној Кој ги истражува срцата и бубрезите; и секому од вас ќе му дадам според делата негови. 24А вам и на другите во Тиатир, што не го држат тоа учење и не ги запознаа таканаречените „длабочини сатански“, ви велам: нема да ви наложам друго бреме. 25#3,11Но држете го само она што го има­те, додека не дојдам. 26#12,5; 19,15; Пс 2,8-9И кој победува и ги пази делата Мои до крај, нему ќе му дадам власт над незнабошците, 27и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се строшат како земјени садови. 28#22,16; 2 Птр 1,19Како што и Јас примив власт од Својот Отец, нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница. 29Па, кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

Селектирано:

Откровение 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност