Јахве, Господи наш, колку е величествено името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата. Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го замолкнеш непријателот и одмаздникот. Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти: Што е тоа човек, та си спомнуваш за него, или син човечки, па се грижиш за него? Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го овенчал, и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови; овците и воловите сите, и ѕверовите полски; птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските патишта. Јахве, Господи наш, колку е величествено името Твое по целата земја!
Прочитај Псалми 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 8:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа