Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 8:1-9

Псалми 8:1-9 MK2006

Јахве, Господи наш, колку е вели­чествено името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата. Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Сво­ја заради непријателите Твои, за да го замолкнеш непријателот и одмаздникот. Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти: Што е тоа човек, та си спомнуваш за него, или син човечки, па се грижиш за него? Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го овенчал, и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови; овците и воловите сите, и ѕверо­вите полски; птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските па­тишта. Јахве, Господи наш, колку е вели­чествено името Твое по целата земја!