Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 68:21-35

Псалми 68:21-35 MK2006

Но Бог ќе им ги скрши главите на непријателите Свои и влакнестото теме на оние што остануваат во своите гревови. Господ рече: од Башан ќе ги вра­там, ќе ги извлечам од морските дла­бочини, за да ти се натопи ногата твоја и ја­зикот на твоите кучиња во крвта на непријателите. Го видов Твоето величествено доа­ѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во светилиштето: напред одеа пејачите, а на крајот свирачите, а во средината – девојки со тимпани: „Во собранијата благословувајте Го Бога, Господа, вие, што сте од семето Израелово!“ Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини – со своите чети, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефта­лимови. Покажи ја Боже, силата Твоја, снагата Твоја, Боже, како што правеше со нас во минатото. Поради Твојот храм во Ерусалим, царевите ќе Ти принесуваат дарови. Скроти ги ѕверовите во мочуришта­та, воловите со телињата на народите, згази ги под нозете оние кои се лакомат по почести, растури ги народите кои уживаат во војна. Нека се донесе бронза од Египет, Етиопија брзо нека подаде раце кон Бога. Царства земни, пејте Му на Бога, славете Го Господа, Кој се вози на небо, на небесата ис­конски. И, ете, Тој го испраќа Сво­јот глас, Својот силен глас. Подајте Му слава на Бога! Над Из­раел е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците. Чудесен си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израелов – Тој ќе му даде си­ла и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност