Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 68:11-20

Псалми 68:11-20 MK2006

Господ дава наредба; голема е при­дружбата на известителите: цареви на армии бегаат ли бегаат, а жените по домовите пленот го делат. Додека вие почивавте меѓу стадата, крилјата на гулабицата заблескаа во сребро, а нејзините пердуви со злато. Кога Семоќниот ги разбиваше ца­ревите, снег паѓаше на Селмун. Горо моќна, горо Башанска, горо со бројни врвови, горо Башанска! Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека? Божјите коли се безброј – на илјада илјади; Господ на Синај, доаѓа во све­тилиштето. Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму. Нека е благословен Бог, Кој нѐ носи од ден во ден, Бог, нашето спасение. Нашиот Бог е Бог, Кој спасува; во власта на Господ е избавувањето од смртта.