Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 66

66
ПСАЛМ 66
Благодарствена песна на народот Божји за духовните дарови
1 # 96,1; 97,1; 98,4; 100,1 Воскликни Му на Бога, Земјо цела! 2#Ефес 1,12.14Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала! 3#18,44; 81,15Кажете Му на Бога: колку се страш­ни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ќе Ти се покоруваат не­пријателите Твои. 4Целата земја Ти се покорува и Ти пее, Ти пее на Твоето име! 5#46,8Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во чудата Свои за синовите човечки. 6#114,3; 2 Мојс 14,21-22; Ис.Н. 3,16-17; Ис 44,27; 50,2Тој го претвори морето во суво; преку река минаа со нозе; таму се зарадувавме во Него. 7Со Својата моќ Тој владее вечно; Неговите очи гледаат на народите за да не се кренат бунтовниците. 8Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно. 9#121,3Тој ѝ даде живот на душата наша и не дозволи да потклекнат нозете наши; 10#26,2; Ис 48,10Ти нѐ испита, Боже, нѐ очисти, како што среброто со оган се пре­чистува. 11Ти нѐ воведе при примка, ни стави товар на нашите плеќи. 12#32,6; 81,7; Ис 43,2Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но нѐ изведе да здивнеме. 13#22,25Ќе влезам во Твојот дом со сепаленица, ќе Ти ги исполнам моите за­вети, 14што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во неволја. 15#51,19Мрсни сепаленици ќе Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ќе Ти принесам Тебе и волови и кози. 16#9,1Дојдете и чујте вие сите кои се бои­те од Бога и ќе ви раскажам сѐ што направи Тој за душата моја. 17Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој. 18#Јн 9,31Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши. 19#17,1Но ме услиши Господ, го чу гла­сот на молењето мое. 20Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја!

Селектирано:

Псалми 66: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се