Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 65

65
ПСАЛМ 65
Прославување на Бога
1Тебе, Боже, Ти припаѓа похвалата на Сион, и Тебе ќе Ти се даваат завети. 2Ти услишуваш молитви, кај Тебе ќе дојде секоја плот. 3#Ис 66,23Кога грешни дела нѐ совладуваат, Ти ги простуваш нашите престапи. 4#32,1; 78,38Блажен е оној, кого Ти си го избрал и примил да живее во Твоите дворови; дај да се наситиме со добрини од Твојот дом, од светоста на Твојот храм. 5Преку чудесни дела ни одговараш и нѐ избавуваш, Боже, Спасителе наш, Ти си надеж на сите земни краишта и на оние што се далеку преку морето. 6#Ис 66,19Ти, Кој горите си ги поставил со силата Своја и со моќ си се препашал, 7#24,2; 119,90; Јов 38,6-7Ти Кој ја замолкнуваш морската бучава, шумот што го прават брановите, и буните кај народите. 8#89,9; 107,29; Ис 17,12; Јов 26,12; Мт 8,26И се плашат сите оние што жи­веат на крајот на светот, од чудесата Твои: Ти создаваш радост каде што утрото се раѓа и вечерта заоѓа. 9Ти ја посетуваш Земјата, ја напојуваш, ја збогатуваш: потокот Божји е полн со вода; си им приготвил храна на луѓето, бидејќи така си ја подготвил: 10#46,4; 3 Мојс 26,3-4; Ис 30,23.25; Ос 2,10; Јоил; 2,22-23ги напојуваш браздите нејзини, и ги порамнуваш грутките нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да раѓа плодови; 11#Ис 30,23ја овенчуваш годината со Твојата добрина и колите Твои полни се со пло­дови. 12#Амос 9,13Се појавуваат пасишта по пустините и ритчињата се исполнуваат со ра­дост. 13#96,12Ливадите се китат со стада, а до­лините се редат со плодови: сите вос­кликнуваат и пеат.

Селектирано:

Псалми 65: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се