Тебе, Боже, Ти припаѓа похвалата на Сион, и Тебе ќе Ти се даваат завети. Ти услишуваш молитви, кај Тебе ќе дојде секоја плот. Кога грешни дела нѐ совладуваат, Ти ги простуваш нашите престапи. Блажен е оној, кого Ти си го избрал и примил да живее во Твоите дворови; дај да се наситиме со добрини од Твојот дом, од светоста на Твојот храм. Преку чудесни дела ни одговараш и нѐ избавуваш, Боже, Спасителе наш, Ти си надеж на сите земни краишта и на оние што се далеку преку морето. Ти, Кој горите си ги поставил со силата Своја и со моќ си се препашал, Ти Кој ја замолкнуваш морската бучава, шумот што го прават брановите, и буните кај народите. И се плашат сите оние што живеат на крајот на светот, од чудесата Твои: Ти создаваш радост каде што утрото се раѓа и вечерта заоѓа. Ти ја посетуваш Земјата, ја напојуваш, ја збогатуваш: потокот Божји е полн со вода; си им приготвил храна на луѓето, бидејќи така си ја подготвил: ги напојуваш браздите нејзини, и ги порамнуваш грутките нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да раѓа плодови; ја овенчуваш годината со Твојата добрина и колите Твои полни се со плодови. Се појавуваат пасишта по пустините и ритчињата се исполнуваат со радост. Ливадите се китат со стада, а долините се редат со плодови: сите воскликнуваат и пеат.
Прочитај Псалми 65
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 65:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа