Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 62:1-12

Псалми 62:1-12 MK2006

Само во Бога се успокојува душата моја, од Него е моето спасение. Зашто Тој е Бог мој, и мој Спаси­тел. Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибе­жиште мое. Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиш­те. Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! Не верувајте во насилство и не по­сакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност