Псалми 57
57
ПСАЛМ 57
Величање на милоста Божја
1Смилувај се, Боже, на мене. Смилувај се, зашто во Тебе се надева душата моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите. 2#17,8Викам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро. 3#138,8Тој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност. 4#43,3Лежам среде лавови кои растргаат синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч. 5#7,2; 10,9; 17,12; 22,13.21; Ис 38,13; Јов 10,16; Дан 6,17; Пс 64,3Возвиши се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава! 6#72,19; 102,15; 108,5; 4 Мојс 14,21Тие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа. 7#Плач 1,13; Пс 7,15Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам. 8#108,1-5Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората. 9#Јов 38,12Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата, 10#9,11; 18,49зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците. 11#36,5Возвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!
Селектирано:
Псалми 57: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006