Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 38

38
ПСАЛМ 38
Животот на праведникот и на безбожникот
1Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме, 2#6,1зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене, 3#Јов 6,4; 16,13; Плач 3,12нема ништо здраво на моето тело од Твојот гнев; во коските мои нема мир поради гревот мој; 4#Ис 1,5-6зашто беззаконијата мои ја надви­шија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа. 5#1 Мојс 4,13; Езд 9,6Смрдат и гнојат раните мои поради безумието мое. 6Се згрбавив и се стопив сосема, цел ден натажен одам; 7#35,14; 42,9слабината ми е воспалена, нема здраво место на телото мое. 8Исцрпен сум и дотолчен; рикав поради воздишките на срцето мое. 9#102,3-5Господи, пред Тебе се сите мои копнежи, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе. 10Срцето засилено ми бие, ме напуш­ти силата моја, и светлината на очите мои, – и неа ја нема во мене. 11#6,7; 31,10; 88,6Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене, 12#31,11; 41,9; 88,8.18; Јов 12,4-5; 19,12-18; Лк 23,49а оние што ја бараат душата моја, ми поставуваат примки, говорат за пропаст и секој ден кројат сплетки; 13а јас, пак, како глув не слушам и како нем сум, кој не ја отвора устата своја; 14#39,1-2; Ис 53,7станав како човек што не слуша и што во устата своја нема одговор, 15зашто на Тебе, Господи, се надевам; Ти ќе одговориш, Господи, Боже мој. 16Зашто се молам само да не се по­гордеат над мене; и кога ќе ми се по­колебаат нозете мои, тие да не се кренат над мене. 17#13,4; 35,15.19Готов сум да паднам, и болот мој секогаш е со мене. 18#51,4Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој. 19#32,5А оние што ми се непријатели без причина се силни, и се намножија оние што неправедно ме мразат, 20#35,19; 69,4ми враќаат зло за добро, ми ста­наа противници, зашто јас сум за добро. 21#35,12; 109,3-5Не оставај ме, Господи, Боже мој, не оддалечувај се од мене; 22#22,1.11; 35,22; 71,18побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!

Селектирано:

Псалми 38: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се