Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 39

39
ПСАЛМ 39
Молитва за утеха од Господ
1Си реков: ќе пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; ќе ја зауздам устата моја додека е грешни­кот пред мене. 2Онемев и се смирив, и замолкнав, но јадот мој се зголеми. 3#32,3; 38,13Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган се разгорува во мислите мои. Проговорив со јазикот свој: 4кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку е краткотраен мојот живот. 5#89,47Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе. И навистина, сѐ е суета, секој чо­век што живее. 6#62,9; 90,9-10; Јов 7,6.16; 14,1.5Навистина, човек оди како сенка и залудно се измачува; собира богатство, а не знае кому ќе му го остави. 7И сега што да очекувам Господи? Надежта моја е во Тебе. 8Спаси ме од сите беззаконија; не допуштај да бидам поруга на безумниот. 9Занемев и не ја отворам устата, за­ш­то Ти така направи. 10Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака. 11Го казнуваш човекот за гревот, сѐ што му е најмило му го уништуваш ка­ко молец; навистина, човекот е само здив. 12#Ис 50,9; 51,7; Ос 5,12; Јов 4,19; 13,27; Мт 6,20Услиши ја, Господи, молитвата мо­ја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен кон моите солзи, зашто сум привремен гостин кај Тебе и придојден, како сите мои предци. 13#119,19; 1 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; 1 Лет 29,15; Евр 11,13; 1 Птр 2,11Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веќе.

Селектирано:

Псалми 39: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност