Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 27:1-14

Псалми 27:1-14 MK2006

Господ е моја светлина и мое спа­сение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам? Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели за да го изедат телото мое, се сопнаа и паднаа. И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн со доверба. Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Госпо­довата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето жи­веалиште; би ме искачил на карпа. Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружу­ваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе Го фалам Господа. Чуј го, Господи, гласот мој, бидеј­ќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме. Срцето мое ми вели: „Барај го лицето Негово!“; и јас го барам лицето Твое, Господи. Не сокривај го од мене лицето Свое; не одбивај го во гневот слугата Твој. Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не оставај ме, Боже, Спасителе мој! Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прибере. Научи ме, Господи, на Твојот пат и води ме по рамна патека, поради непријателите мои; не предавај ме на своеволноста на непријателите, зашто останаа против мене лажни сведоци со насилство во нивните носници. Но јас верувам дека ќе ја видам Господовата добрина во земјата на живите. Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 27:1-14