Небесата ја објавуваат Божјата слава, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен. Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива. Нема јазик, ниту, пак говор, во кој не се слуша нивниот глас. Сепак, нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. На небото му постави шатор на сонцето, кое излегува како младоженец од брачното легло, се радува како силен јунак што ја прелетува патеката. Од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова. Непорочен е законот Божји – душите ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките, и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите. Страхопочитта кон Господ е чиста – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни; поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед. Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива. Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очисти ме, и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи. Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!
Прочитај Псалми 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 19:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа