Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 103

103
ПСАЛМ 103
Благословувајте Го Господа
1 # 104,1.35; 146,1 Благословувај Го, душо моја, Госпо­да, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име! 2Благословувај Го, душо моја, Госпо­да и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, 3#32,1-2; 78,38; 2 Мојс 15,26Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; 4#86,13; 107,20; Јов 33,18Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. 5#Ис 40,31Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост. 6Господ им дава милост и правда на сите угнетени. 7Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израеловите синови – де­лата Свои. 8#86,15; 145,8; 2 Мојс 20,5-6; 4 Мојс 14,18; 5 Мојс 5,10; Јоил 2,13; Јона 4,2; Неем 9,17; Јк 5,11Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; 9#Ис 57,16; Ер 3,4-5.12; Јоил 2,13; Јона 4,2Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути. 10#Ез 20,44Тој не постапува со нас според на­шите беззаконија и не ни плаќа спо­ред нашите беззаконија; 11#36,5; 57,10; 117,2; Ис 55,9зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него; 12#Мих 7,19колку е далеку исток од запад, тол­ку ги оддалечува Тој од нас на­шите престапи; 13#145,9; Ер 31,20; Мал 3,17како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. 14#22,29; 90,3; 104,29; 1 Мојс 2,7; 3,18; Ис 40,7-8; Јов 10,9; Проп 12,7Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав. 15#90,5-6; 102,11; Ис 40,6-7; 51,11; Јов 14,2Дните на човекот се како трева; ка­ко полски цвет, така прецутува тој; 16#37,36; Јов 7,10; 8,17ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети. 17#25,6; 100,5; Лк 1,50А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда, 18#5 Мојс 33,9кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови. 19#11,4; 22,28; 47,8; 145,11-13; Ис 66,1; Авд 1,21Господ го поставил Својот прес­тол на небото, и царството Негово владее над сѐ. 20#148,2; Лк 1,19Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, вие крепки по сила, кои го извршувате Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов; 21#148,2благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова; 22#145,10благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Него­вото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!

Селектирано:

Псалми 103: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се