Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 102

102
ПСАЛМ 102
Молитва на страдалник
1 # 142,2 Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе! 2#39,12; 88,2; 2 Сам 22,7Не одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во денот, кога Те повикувам, услиши ме бргу, 3#13,1; 27,9; 69,17; 143,7; 17,6; 31,2; 71,2; 143,7зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои горат како оган; 4#Јов 30,30попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавам и лебот свој да го јадам; 5#90,6; Ис 40,7од гласот на моите воздишки кос­ките ми се залепија за телото мое. 6#6,6; 22,17; 109,24; Јов 19,20; Плач 4,8Заприлегав на пеликан во пустина; станав како був во урнатини; 7не спијам, седам како самотна птица на покрив. 8Секој ден ме навредуваат непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваат. 9Јадам пепел како леб и пијалакот свој со солзи го мешам. 10#42,3; 80,5Поради гневот и јароста од лицето Твое бев подигнат, а потоа соборен. 11Дните мои исчезнуваа како вечерна сенка и јас се сушам како сено. 12#37,2; 90,5-6; 103,15; 109,23; 129,6; 144,4; Ис 40,5-7; 51,11; Јов 8,9; 14,2; Проп 6,12; 8,12; 1 Лет 29,15; Мт 6,30; Лк 12,28; Јк 1,10-11А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род. 13#9,7; 135,13; 145,13; 146,10; Плач 5,19Стани, смилувај му се на Сион, за­што време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето; 14бидејќи на Твоите слуги им оми­леа и камењата негови и за правот негов жалат. 15Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, а сите земни цареви – од Твојата слава. 16Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја; 17#87,5; Ис 14,32ќе погледне милостиво на молит­вите од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни. 18Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа, 19#22,30-31зашто се јави од светата Своја ви­сочина, Господ од небесата погледна на Земјата, 20#14,2; 33,12-15; 113,5-6; 5 Мојс 26,15; Ис 63,15за да ги чуе офкањата на оковани­те, да ги ослободи осудените на смрт, 21#79,11за да го разгласат името Господо­во на Сион и похвалата Негова во Еру­салим, 22кога ќе се соберат народите и цар­ствата заедно да Му служат на Господ. 23#Ис 60,3-4Тој ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ги скрати дните мои. 24#26,9; 55,23; 90,10; Ис 38,10; Ер 17,11; Изреки 10,27Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои! Твоите години се од род во род. 25Во почетокот Ти, Господи, ја основа Земјата, небесата се дело на Твоите раце; 26#Ис 51,6-8; 65,16; 66,22; Плач 5,19; Евр 1,11-12; 13,8тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ги менуваш и тие исчезнуваат. 27Но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат. 28Синовите на Твоите слуги ќе се ве­селат и потомството нивно ќе се зацврс­ти за навек.

Селектирано:

Псалми 102: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност