Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 101

101
ПСАЛМ 101
Молитва за непорочен пат
1 # 68,32; 71,22 Ќе пеам за верноста и за правдата – Тебе, Господи, ќе Ти свирам! 2#26,11-12; 37,37; 50,3; 119,1; 1 Мојс 17,1; 1 Цар 9,4; Ис 33,15; Изреки 11,20; 13,5Ќе размислувам за патот непо­рочен: кога ќе го достигнам? Среде мојот дом ќе одам со чисто срце. 3#15,2-3; 24,4; 40,4; 139,21; Ис 33,15; Јуда 1,23Нема да ставам пред очите мои ништо пакосно; ги мразам делата на отпадниците – тие нема да се приле­пат за мене. 4#18,26; Изреки 11,20; 17,20; Ефес 5,11Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакам да знам. 5#Изреки 17,20; 21,3; 30,9Оној што тајно го клевети ближ­ниот свој, ќе го погубам; оној што е со горделиви очи и ненаситно срце, не го поднесувам. 6#119,63; Изреки 2,20Очите ми се управени кон верните по земјата, за да седат со мене; кој оди по патот непорочен, тој ќе ми служи. 7#5,5; 26,4-5; Изреки 20,8; 25,5Нема да остане во мојот дом оној, кој прави сплетки; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои. 8#Изреки 20,26; Откр 21,27Секојдневно ќе ги истребувам сите нечестиви од земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите злосторници.

Селектирано:

Псалми 101: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се