Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 102:12-22

Псалми 102:12-22 MK2006

А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род. Стани, смилувај му се на Сион, за­што време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето; бидејќи на Твоите слуги им оми­леа и камењата негови и за правот негов жалат. Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, а сите земни цареви – од Твојата слава. Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја; ќе погледне милостиво на молит­вите од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни. Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа, зашто се јави од светата Своја ви­сочина, Господ од небесата погледна на Земјата, за да ги чуе офкањата на оковани­те, да ги ослободи осудените на смрт, за да го разгласат името Господо­во на Сион и похвалата Негова во Еру­салим, кога ќе се соберат народите и цар­ствата заедно да Му служат на Господ.