Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 102:12-22

Псалми 102:12-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А Ти, о Господи, остануваш довека, и Твоето име низ сите родови. Стани, смилувај му се на Сион: Време е да му се смилуваш, сега е часот! Зашто мили им се неговите камења на твоите слуги, ги жалат неговите урнатини. Тогаш, Господи, многубошците ќе се бојат од Твоето име, и сите цареви на земјата од Твојата слава. Кога Господ пак ќе го изгради Сион, кога ќе се покаже во Својата слава, кога ќе погледне кон молитвите на лишените, и не ја презре нивната молитва. Нека се запише ова за идното поколение, и луѓето што ќе бидат создадени, ќе Го фалат Господа. Зашто Бог гледа од Своето возвишено светилиште, гледа од небесата кон земјата, за да ги чуе воздишките на затворените, за да ги ослободи осудените на смрт, за да се навести Господовото име на Сион, и Неговата фала во Ерусалим, кога ќе се соберат народите и царствата, за да Му служат на Господа.

Псалми 102:12-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род. Стани, смилувај му се на Сион, за­што време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето; бидејќи на Твоите слуги им оми­леа и камењата негови и за правот негов жалат. Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, а сите земни цареви – од Твојата слава. Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја; ќе погледне милостиво на молит­вите од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни. Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа, зашто се јави од светата Своја ви­сочина, Господ од небесата погледна на Земјата, за да ги чуе офкањата на оковани­те, да ги ослободи осудените на смрт, за да го разгласат името Господо­во на Сион и похвалата Негова во Еру­салим, кога ќе се соберат народите и цар­ствата заедно да Му служат на Господ.