Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 101:1-8

Псалми 101:1-8 MK2006

Ќе пеам за верноста и за правдата – Тебе, Господи, ќе Ти свирам! Ќе размислувам за патот непо­рочен: кога ќе го достигнам? Среде мојот дом ќе одам со чисто срце. Нема да ставам пред очите мои ништо пакосно; ги мразам делата на отпадниците – тие нема да се приле­пат за мене. Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакам да знам. Оној што тајно го клевети ближ­ниот свој, ќе го погубам; оној што е со горделиви очи и ненаситно срце, не го поднесувам. Очите ми се управени кон верните по земјата, за да седат со мене; кој оди по патот непорочен, тој ќе ми служи. Нема да остане во мојот дом оној, кој прави сплетки; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои. Секојдневно ќе ги истребувам сите нечестиви од земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите злосторници.