Изреки 9
9
Опомената на мудроста
1 #
Ис 25,6-9; Мт 22,1-14; Лк; 14,15-24; 15,22-24; Откр 19,9 Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, 2ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; 3ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: 4„Кој е неразумен, да наврати тука!“ И на малоумните таа им рече: 5„Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; 6оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.“
Мудриот и безумниот
7Кој поучува бесрамник, ќе си спечали укор, и кој го разобличува нечестивецот – срам. 8Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака. 9Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење. 10Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Светиот е разум; 11зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот. 12Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.
За глупоста
13 #
20,17; Пс 64 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира, 14седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот, 15за да им вели на минувачите, што си одат право по патот: 16„Кој е глупав, нека наврати тука“, а на малоумните им вели: 17„Крадената вода е слатка, и сокриениот леб е – пријатен.“ 18И тој не знае дека таму се мртовците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.
Селектирано:
Изреки 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006