Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 8

8
Зовот на мудроста
1 # 1,20-21 Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој? 2Мудроста застанува на високи мес­та, крај патот, на раскрсници; 3таа вика пред портите при влезот во градот, кај влезот од вратата силно извикува: 4„Кон вас, луѓе, викам, и кон сино­вите човечки е мојот глас! 5Научете се, неразумни, на благоразумие, и безумни, – на разум. 6#11,1-6Слушајте, бидејќи ќе говорам важни работи, и устата моја ќе изрече правда; 7зашто јазикот мој ќе ја изговори вистината; лажливата уста одвратна е за мене. 8Сите зборови на устата моја се справедливи; во нив нема ни подмолност, ни лукавство; 9сите тие се јасни за разумниот и справедливи за оние, што се здобиле со знаење. 10Примете го учењето мое, а не среб­ро; подобро знаење, отколку најдобро злато; 11зашто мудроста е подобра од бисер, и ништо, од она што е скапоцено, не може да се спореди со неа.
Мудроста се претставува
12Јас, мудроста, живеам со разумот и барам расудувачко знаење. 13Стравот Господов го мрази злото; ја мрази гордоста и високомерноста, лошиот пат и подмолната уста. 14Мои се советот и правдата; јас сум разум, во мене е силата. 15Преку мене цареви царуваат, и за­поведници правда озаконуваат; 16преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни. 17#Мт 7,8; Јн 14,23Ги сакам оние што мене ме са­каат, и кои ме бараат, ќе ме најдат; 18во мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата; 19плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеќе отколку од најчисто сребро. 20Јас одам по патот на правдата, по патеките на правосудството, 21за да им доставувам вистинско доб­ро на оние, што ме сакаат, нивни­те риз­ници ги полнам. 22#Кол 1,17#Јн 1,1; Откр 3,14Господ ме создаде за почеток на Својот пат, пред сите Свои творби, 23ме создаде уште од вечноста, во по­четокот, пред да ја создаде Земјата. 24Јас сум се родила, кога уште немало бездни, кога уште не постоеле из­вори, изобилни со вода. 25Јас сум се родила пред да бидат вте­мелени горите, пред ридовите, 26кога Господ уште не беше ја создал Земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената. 27Кога Тој го оформуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше хоризонтот над бездната, 28кога ги утврдуваше облаците во ви­сините, кога ги зацврстуваше изво­рите на бездната, 29кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат во­дите неговите брегови, кога ги полне­ше ос­новите на Земјата, – 30јас бев кај Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време, 31веселејќи се на Неговиот земен круг. А потоа радоста моја беше со си­новите човечки.
Блажени се оние што ја слушаат мудроста
32И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта! 33Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа. 34Блажен е оној човек, кој ме слу­ша, станувајќи бодар секој ден кај портите мои и стоејќи на стража при вратата моја! 35Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие благодат од Господ; 36а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта.“

Селектирано:

Изреки 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност