Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 7

7
Жена – прељубница заведува млад човек
1 # 2,1; 6,20 Синко, пази ги зборовите мои, и сокриј ги во тебе заповедите мои. 2#4,4; 5 Мојс 32,10Пази ги заповедите мои, и ќе жи­вееш; пази го и учењето мое, како зеницата на очите свои. 3#3,3; 2 Кор 3,3Врзи ги на прстите свои, напиши ги на плочите од срцето свое. 4Кажи ѝ на мудроста: „Ти си ми сестра!“ – и наречи го разумот твој роднина, 5#2,16; 5,3.20; 6,24за да те пазат од туѓа жена, која збо­рува пријатно. 6Ете, еднаш гледав од прозорецот на куќата моја, низ мојата решетка, 7и видов меѓу неискусните, забе­ле­жав меѓу младите едно неразумно момче, 8кое минуваше преку плоштадот бли­зу до нејзиниот агол и кое одеше по па­тот кон нејзината куќа, 9на квечерина кога се стемнуваше, во ноќната темнина и во мракот. 10#Ис 3,16-24; Ез 16,10-14И ете, во пресрет му доаѓа жена, наконтена како блудница, со подмолно срце, 11зборлива и нескротлива, нозете нејзини не се запираат в куќи: 12де на улицата, де по плоштадите и на секој агол поставува стапици. 13Таа го зграпчи, го бакна и со бес­рамно лице му зборуваше: 14#Ез 23,40-44„Жртва за мир имам денес: денес ги исполнив заветите свои; 15затоа и излегов да те пресретнам, за да те побарам, и те најдов; 16со покривки го украсив леглото свое, со разнобојни платна египетски; 17леглото свое го попрскав со смирна, алој и дарчин; 18дојди, ќе се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување, 19зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат; 20една ќеса сребро зеде со себе; ќе си дојде дома кон полната месечина.“ 21#Проп 7,26Со многу ласкави зборови таа го привлече, со меката уста своја го овла­деа. 22Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како елен – на истрел, 23додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за неј­зина погибел. 24И затоа, синко, послушај ме и внимавај на зборовите од устата моја. 25Да не скршнува срцето твое по нејзиниот пат, да не талка по патеките нејзини, 26зашто таа многумина смртно ра­нила, и многумина јунаци таа убила. 27Нејзиниот дом е пат кон пеколот, кој води во внатрешните живеалишта на смртта.

Селектирано:

Изреки 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се