Зборовите на царот Лемуел, со кои го поучила неговата мајка. Ах, сине мој! Ах, сине на утробата моја! Ах, сине на заветите мои! Не давај им ја на жени силата своја, ниту судбината своја на оние од нив, кои цареви погубуваат. Не е за царевите, Лемуеле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кнезовите – жесток пијалак, за да не го заборават, откако ќе се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените. Дајте му алкохол на оној што оди во погибел; вино нека пијат оние со мака во душата своја
Прочитај Изреки 31
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 31:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа