Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 31

31
Мајчина поука кон еден цар
1 # 29,3 Зборовите на царот Лемуел, со кои го поучила неговата мајка. 2Ах, сине мој! Ах, сине на утробата моја! Ах, сине на заветите мои! 3Не давај им ја на жени силата своја, ниту судбината своја на оние од нив, кои цареви погубуваат. 4#20,1Не е за царевите, Лемуеле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кнезовите – жесток пијалак, 5#17,15за да не го заборават, откако ќе се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените. 6#17,5Дајте му алкохол на оној што оди во погибел; вино нека пијат оние со мака во душата своја; 7нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веќе болките свои. 8#24,11Отворај ја устата своја за обесправениот, и за заштита на сираци. 9Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
За добродетелната жена
10 # 5,15-19; 30,18-19 Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените ка­мења. 11Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка; 12таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов. 13Набавува волна и лен, и весело ра­боти со рацете свои. 14Таа е како трговски кораб, – оддале­ку си донесува храна. 15Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои. 16Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје. 17Ја препашува со сила половината своја и ги зајакнува рацете свои. 18Таа гледа колку ѝ напредува работата, и светилката нејзина не се гасне ноќе. 19Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното. 20Дланката своја му ја отвора на си­ромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава. 21Не се плаши од студ за челадта сво­ја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта. 22Таа си ткае покривачи: од висон и пурпур е нејзината облека. 23Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата. 24Таа работи покривки и ги продава, и со појаси ги снабдува Хананците. 25Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината. 26Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин. 27Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност. 28Стануваат децата и ја благословуваат, – мажот, и тој ја фали: 29„Многу жени добродетелни има­ло, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.“ 30Миловидноста е примамлива и уба­вината – суетна; но жена, која се плаши од Господ, е достојна за пофалба. 31Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува кај градските порти поради делата свои!

Селектирано:

Изреки 31: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се