Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 17:15-28

Изреки 17:15-28 MK2006

Кој оправдува грешен и кој обвинува праведен – и обајцата се одвратност пред Господ. Што ќе му се пари во рацете на без­умен за да купи мудрост, кога во него нема разум?! Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на не­волја. Неразумен човек подава рака и станува гарант за ближниот свој. Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне. Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда. Кому се родил глупак, тешко нему. За таткото на безумен нема радост. Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши. Не се прави патиштата на нечесни­те што земаат поткуп; тие го искривуваат патот на правосудието. Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата. Глупав син е мака за таткото и огорчување за мајката. Не е добро да казнуваш праведен, ниту да тепаш началник. Разумниот е воздржан во зборо­вите свои, а одмерениот е трпелив и спокоен. И безумниот кога молчи, за мудар го сметаат, и кој ја затвора устата своја – за разумен го сметаат.