Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 8

8
Златниот светилник
1 # 3 Мојс 24,2-4 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2„Јави му на Арон и кажи му: ‚кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум кан­дилца.‘“ 3Арон така и направи: отспреди на светилникот ги запали кандилцата негови, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 4#2 Мојс 25,9И еве како е направен светилникот: искован е од злато – од стеблото негово до цветовите негови сѐ е од ковано злато; според образецот што Господ му го беше покажал на Мојсеј.
Посветување на левитите
5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 6#3,5-13; 3 Мојс 22,2; Ис 1,16; 52,11„Земи ги левитите меѓу синовите израелски и очисти ги. 7#1 Мојс 35,2; 3 Мојс 14,8-9; 5 Мојс 21,12; Ез 36,25А за да ги очистиш, постапи со нив вака: пороси ги со вода за очистување, и нека го избричат со брич целото тело свое и да ги исперат алиштата свои, па ќе бидат чисти. 8#3 Мојс 2,1; 4,3И да земат еден јунец и заедно со него и лебен принос од пченично бра­ш­но, измешано со масло, и друг јунец – жртва за грев. 9#2 Мојс 40,12; 3 Мојс 8,3И доведи ги левитите пред скинијата на собранието и собери го целото оп­ш­тество на синовите израелски; 10#3 Мојс 3,2; Дела 6,6доведи ги левитите нивни пред Господ, а синовите на Израел нека ги стават рацете свои врз левитите. 11#3,6-8; 2 Мојс 29,24Арон, пак, да го изврши над левитите посветувањето нивно пред Господ во име на синовите израелски за да Му служат на Господ; 12#2 Мојс 29,10.36; 3 Мојс 4,3а левитите да ги ставаат рацете свои врз главите на јунците, и едниот да го принесат како жртва за грев, а другиот за сепаленица на Господ, за да им се простат гревовите на левитите. 13Потоа постави ги левитите пред Арон и пред синовите негови и изврши го над нив посветувањето во Господ; 14така оддели ги левитите од сино­вите израелски, па левитите да бидат Мои. 15Потоа левитите, откако ќе ги очи­стиш и ќе го извршиш над нив посветувањето нивно, да влезат да служат во скинијата на собранието; зашто тие Ми се дадени меѓу синовите израелски; 16#3,12-13бидејќи место сите првородени од синовите израелски, кои отвораат утроба, Јас ги зедов за Себе. 17#2 Мојс 4,23; 13,2-11; 22,29Зашто Мои се сите првородени кај синовите израелски, од човек до до­биток: во оној ден, кога Јас ги убив сите првородени во египетската земја, Јас ги осветив за Себе, 18и ги зедов левитите место сите првородени кај синовите на Израел. 19#3,41Меѓу синовите израелски левитите му ги предадов на Арон а на синовите негови, за да служат место синовите израелски при скинијата на собранието и да внимаваат на синовите на Израел да не им се случи зло, ако се доближат до светилиштето.“ 20Така и постапија со левитите Мојсеј и Арон и целото општество на синовите израелски; како што му заповеда Го­с­под на Мојсеј за левитите, така и по­с­тапија со нив синовите на Израел. 21И левитите откако се очистија и ги испраа облеките свои, Арон изврши над нив посветување пред Господ и ги очисти, и се помоли за нив за да бидат чисти. 22Потоа левитите влегоа да служат во скинијата на собранието пред Арон и пред синовите негови. Како што му заповеда Господ на Мојсеј за левитите, така и постапија со нив. 23И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 24„Еве го законот за левитите: од дваесет и пет години нагоре да стапуваат на служба при скинијата на собранието, 25а од педесет години натаму да престанат да служат и повеќе да не ра­бо­тат; 26а тогаш тие нека им помагаат на браќата свои да чуваат стража при скинијата на собранието, но служба да не служат. Така постапувај со левитите што се однесува до службата нивна.“

Селектирано:

Броеви 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се