Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 7

7
Коли наменети за скинијата
1 # 2 Мојс 40,17-33 Во оној ден кога Мојсеј ја изгради скинијата и ја помаза, кога ја освети неа и сите нејзини делови, и жртве­ни­кот и сите негови прибори, и ги помаза и ги освети, – 2#1,4-15тогаш дојдоа кај него началниците израелски, глави на домовите нивни, старешини на племињата кои раководеа со пребројувањето, 3#1 Сам 6,7-14; 1 Лет 13,7и донесоа принос свој пред Господ – шест покриени коли и дванаесет во­лови, по една кола од двајца началници и по еден вол од секого, и го донесоа тоа пред скинијата. 4И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 5„Земи го тоа од нив; тоа ќе послужи за извршување на службите во скинијата на собранието; и дај им го тоа на ле­витите, секому според службата негова!“ 6И ги зеде Мојсеј колите и воловите и им ги предаде на левитите: 7#3,18-20; 4,24-33две коли и четири вола им даде на Гирсоновите синови, според службата нивна; 8и четири коли и осум волови им даде на Мерариевите синови, според служ­бата нивна, под надзор на Итамар, си­нот на свештеникот Арон; 9#4,2-15а на Каатовите синови не им даде, зашто нивната работа беше да го носат светилиштето: на рамо треба да го но­сат.
Приноси за осветување на скинијата
10 # Ез 43,18-26 И донесоа началниците жртви за осветување на жртвеникот во оној ден кога го помазаа, и ги принесоа начал­ниците даровите свои пред жртвеникот. 11Па му рече Господ на Мојсеј: „На ден по еден началник да донесува свој принос за осветување на жртвеникот.“ 12#2,3Во првиот ден го донесе својот дар Наасон, Аминадавовиот син, од племето на Јуда; 13#2 Мојс 30,13; 3 Мојс 2,1дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша, тешка седумдесет шекели, според свештениот шекел, обе­те полни со пченично брашно, смешано со масло за лебен принос; 14една златна кадилница, тешка десет шекели, полна со темјан; 15#2 Мојс 24,5; 29,3; 3 Мојс 1,3еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица; 16еден козел од козите – жртва за грев; 17#3 Мојс 3,1и за жртва за мир, два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Наасон, Амина­да­вовиот син. 18#2,5Во вториот ден дар свој донесе Натанаил, Цуаровиот син, началник на племето Исахарово; 19тој донесе свој принос: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша тешка – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло за лебен принос; 20една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 21еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 22еден козел како жртва за грев, 23и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дарот од Натанаил, Цуаро­ви­от син. 24#2,7Во третиот ден началникот на по­томците Завулонови Елијав, Хелоно­виот син; 25дарот му беше: една сребрена чи­нија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло за лебен принос; 26една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 27еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 28еден козел – жртва за грев, 29и за жртва за мир два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Елијав, Хело­но­виот син. 30#2,10Во четвртиот ден началникот на Рувимовите потомци Елицур, Шедеуровиот син; 31дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно измешано со масло за лебен принос; 32една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 33еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 34еден козел – жртва за грев, 35и жртва за мир два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елицур, Шедеуровиот син. 36#2,12Во петтиот ден началникот на Симе­оновите потомци Шелумиел, Цу­ри­шадаевиот син; 37приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, обете полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; 38една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 39еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 40еден козел – жртва за грев, 41и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Шелумиел, Цуришадаевиот син. 42#2,14Во шестиот ден началникот на Гадовите потомци Елијасаф, Деуело­ви­от син; 43приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; 44една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан, 45еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 46еден козел – жртва за грев, 47и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елијасаф, Деуеловиот син. 48#2,18Во седмиот ден началникот на Ефремовите потомци Елишама, Амиу­до­виот син; 49приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; 50една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 51еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 52еден козел – жртва за грев, 53и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елишама, Амиудовиот син. 54#2,20Во осмиот ден началникот на Мана­сиевите потомци Гамалиил, Педацуро­ви­от син; 55приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; 56една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 57еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 58еден козел – жртва за грев, 59и жртва за мир, два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Гамалиил, Педацуровиот син. 60#2,22Во деветтиот ден началникот на Ве­ни­јаминовите потомци Авидан, Гидони­евиот син; 61приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно измешано со масло како лебен принос; 62една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 63еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 64еден козел – жртва за грев, 65и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дар од Авидан, Гидониевиот син. 66#2,25Во десеттиот ден началникот на Дановите потомци Ахиезер, Амишадаевиот син; 67приносот негов беше една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; 68една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 69еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 70еден козел – жртва за грев, 71и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот на Ахиезер, Амишадаевиот син. 72#2,27Во единаесеттиот ден началникот на Асировите потомци Пагиил, Охрановиот син; 73приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со ма­с­ло како лебен принос; 74една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, 75еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 76еден козел – жртва за грев, 77и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Пагиил, Охрановиот син. 78#2,29Во дванаесеттиот ден началникот на Нефталимовите синови Ахира, Ена­новиот син; 79приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; 80една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан, 81еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, 82еден козел – жртва за грев, 83и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Ахира, Енановиот син. 84Тоа беа даровите од началниците Израелови при осветувањето на жртве­никот во денот на помазувањето негово: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши, дванаесет златни кадилници. 85Во секоја чинија имаше по сто и триесет шекели сребро и во секоја чаша по седумдесет; и така сето сребро во тие садови беше – две илјади и четиристотини шекели, според свештениот шекел; 86а дванаесетте златни кадилници полни со темјан, секоја имаше по десет шекели, според свештениот шекел: злато во кадилниците сѐ на сѐ – сто и дваесет шекели. 87За сепаленици имаше вкупно: два­на­есет јунци од крупниот добиток, два­наесет овни, дванаесет едногодишни машки јагниња, и со нив лебен принос, како и жртвите за грев – дванаесет козли; 88а за жртви за мир имаше сѐ на сѐ: дваесет и четири вола крупен добиток, шеесет овни, шеесет козли, шеесет едногодишни машки јагниња. Тоа беа даровите при осветувањето на жртве­никот откако беше помазан. 89#2 Мојс 16,34; 29,42; 33,9-11; 40,2; Пс 99,1Кога Мојсеј влегуваше во скинијата на собранието да зборува со Господ, слушаше глас, кој му говореше од поклопецот што е над ковчегот на заветот меѓу двата херувима; и му говореше.

Селектирано:

Броеви 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност