Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 4

4
Обврските на одделни левитски родови
Потомците на Каат
1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 2#2 Мојс 30,12„Пребројте ги Каатовите синови меѓу синовите Левиеви според родовите нивни и според семејствата нивни, 3#Езд 3,8; 1 Лет 23,3.24од триесет години и нагоре до педесет години, способни за служба, за да ги вршат сите работи во скинијата на собранието. 4А ова е службата на Каатовите си­нови во скинијата на собранието: да ја носат Најсветата Светиња. 5#2 Мојс 35,12; 39,34; 40,21Кога ќе треба да се крене на пат, Арон и синовите негови да влезат и да ја симнат покривната завеса и да го покријат со неа ковчегот на заветот 6#2 Мојс 25,5; 1 Цар 8,7и да го покријат со покровот од скапоцени кожи, и над него да ја стават покривката цела од синкаво ленено платно, и да ги постават носилата. 7#2 Мојс 25,23-30; 3 Мојс 24,5-9И трпезата за приносните лебови да ја покријат со синкаво ленено платно и да ги наредат одозгора чиниите, и лажиците, и чашите, и потирите; а на неа секогаш да има лебови; 8да стават врз нив црвена покривка, да ја покријат со покривало од скапоцена кожа и да ѝ ги постават лостовите за носење. 9#2 Мојс 25,31-39Да земат исто така сина покривка, и да го покријат свеќникот за осветлување, и кандилцата негови, и под­лош­ките негови, и сите садови за масло, со кои се служат, 10да го обвијат него и сите негови прибори со покривка од скапоцени ко­жи и да го стават на неговата носилка. 11#2 Мојс 30,1-6А на златниот жртвеник да стават покривка од синкаво платно, да го покријат со покривка од скапоцени кожи, и да ги постават неговите лос­тови за носење. 12Да го земат сиот прибор за слу­жење, со кој служат во светилиштето, да го обвијат во синкаво платно, да го покријат со покривка од скапоцени кожи, и да го постават на неговата носилка. 13#3 Мојс 1,16Да го очистат жртвеникот од пе­пелта и да го обвијат со пурпурно платно; 14#2 Мојс 27,3; 31,9; 38,3; Ер 52,18; 1 Лет 28,17да го стават одозгора сиот прибор негов, со кој се служат при него – мангалите, виљушките, лопатките и ча­шите – сиот прибор на жртвеникот, и да го покријат со покривка од скапоцени кожи и да го постават на неговите лос­тови за носење. 15#2 Мојс 28,43; 2 Сам 6,7И кога ќе направат така, Арон и синовите негови, покривајќи го целото светилиште и сите негови работи, па кога ќе се крева населбата, тогаш Каатовите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не умрат. Тие работи од скинијата на собранието да ги носат Каатовите синови. 16#2 Мојс 27,20; 30,22-38; Неем 10,34На Елеазар, синот на свештеникот Арон, му се доверува маслото за све­тилникот, благомиризливата смеса за кадење, постојаниот лебен принос и маслото за помазание – му се доверува целата скинија и сѐ што е во неа, све­тилиштето и она што му припаѓа нему.“ 17И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 18„Не погубувајте го родот на Каа­товците меѓу левитите, 19туку еве што ќе направите за нив, за да бидат живи и да не умрат, кога ќе пристапат кон Светињата над светињи­те: Арон и синовите негови нека дојдат и нека му определат на секого од нив кој што ќе работи и што ќе носи: 20#2 Мојс 19,21но тие не смеат да се доближуваат и да ја видат светињата кога ја покриваат, за да не умрат.“
Потомците на Гирсон
21И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 22„Преброј ги и Гирсоновите синови според семејствата нивни и според родовите нивни, 23од триесет години нагоре до педесет години, пребројте ги сите способни за служба и за работа во скинијата на со­бра­нието. 24#3,25-26Еве ја работата на Гирсоновиот род, кога ќе служат и кога ќе носат: 25#2 Мојс 26,1-13да ги носат платништата на скинијата, и скинијата на собранието со по­кривот нејзин, и покривката од скапо­цени кожи што е на неа, и завесата од влезот во скинијата на собранието, 26#2 Мојс 27,9платништата околу дворот и завесата од влезот во дворот што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности; и сѐ околу ова што треба да се работи, нека го работат. 27Сите служби на Гирсоновите сино­ви, кога носат товари и кога вршат ра­бо­та, треба да се извршуваат по заповед на Арон и на синовите негови; ним доверете им го и чувањето на она што ќе го носат. 28#2 Мојс 6,23Тоа се службите на родовите на Гирсоновите синови во скинијата на собранието и тоа е она што треба да го чуваат под надзор на Итамар, синот на свештеникот Арон.
Потомците на Мерариј
29 # 2 Мојс 30,12 Преброј ги Мерариевите синови според родовите нивни и според семеј­ствата нивни; 30од триесет години нагоре до педесет години, преброј ги сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието. 31#3,36-37Еве што треба да носат тие според службата своја во скинијата на собранието: штиците од скинијата и напреч­ните греди нејзини, столбовите нејзини и подножјата нивни, 32и столбовите од сите страни на дво­рот и подножјата нивни, и клиновите нивни и јажињата нивни, и сиот прибор што им припаѓа; и именувајте ги рабо­тите што треба да ги носат. 33#2 Мојс 38,21Тоа е работата на родовите на Мерариевите синови според службата нивна при скинијата на собранието, а под надзор на Итамар, синот на свеш­теникот Арон.“
Попис на левитите способни за служба
34И ги преброија Мојсеј и Арон и на­чалниците народни Каатовите синови според родовите нивни и според семеј­ствата нивни, 35од триесет години нагоре до педесет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието. 36И излегоа на број според родовите нивни, две илјади седумстотини и пе­десет. 37Тоа се преброените од родовите Каа­тови, сите што ќе служат при ски­нијата на собранието, и што ги изброија Мојсеј и Арон по заповед Господова, дадена преку Мојсеј. 38#1 Мојс 46,11И Гирсоновите синови беа преброени според родовите нивни, и според семејствата нивни, 39од триесет години и нагоре до педесет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието; 40и излегоа на број, според родовите нивни, според семејствата нивни, две илјади шестотини и триесет. 41Тоа се изброените од родовите на Гирсоновите синови, сите што ќе слу­жат во скинијата на собранието, а кои ги изброија Мојсеј и Арон, по заповедта Господова, дадена преку Мојсеј. 42Родовите на Мерариевите синови беа изброени според родовите нивни, според семејствата нивни, 43од триесет години и нагоре, до педесет години, сите способни за служба, да работат при скинијата на собранието; 44и излегоа на број, според родовите нивни, три илјади и двесте. 45Тоа се преброените од родовите на Мерариевите синови што ги преброија Мојсеј и Арон по заповедта Господова, дадени преку Мојсеј. 46И беа изброени сите левити што ги изброија Мојсеј и Арон и началниците израелски според родовите нивни и според семејствата нивни, 47од триесет години и нагоре до педесет години, сите способни да работат и да носат во скинијата на собранието, 48и излегоа на број осум илјади петстотини и осумдесет. 49По заповед на Господ ги распореди Мојсеј, секој на својата работа што ќе ја врши, и беа изброени, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

Селектирано:

Броеви 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се