Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 3

3
Задолженијата на Левиевото колено
1 # 2 Мојс 6,27; 19,11 Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеј на планината Синај. 2#26,60; 2 Мојс 6,23; 28,1Еве ги имињата на синовите Аро­нови: првенецот Надав, Авиу, Елеазар и Итамар. 3#2 Мојс 30,30; 3 Мојс 8–9Тоа се имињата на Ароновите сино­ви, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат. 4#3 Мојс 10,1-7Но Надав и Авиу умреа пред Гос­под, кога донесоа туѓ оган пред Господ во Синајската Пустина, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татко си Арон. 5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 6#5 Мојс 10,8; 31,9; 1 Лет 15,2; 2 Лет 29,11„Доведи го Левиевото племе и пос­тави го при свештеникот Арон, за да му служат; 7#3 Мојс 8,35и тие нека му служат на него и на целото општество израелско при скинијата на собранието, извршувајќи ги службите при скинијата; 8и да ги пазат сите сосуди во скинијата на собранието и да бидат на служба за синовите израелски во врска со сите работи што се вршат околу скинијата. 9И дај му ги левитите на Арон, и на синовите негови; нека им бидат тие дадени како дар од синовите израелски. 10#2 Мојс 29,9; 30,7А на Арон и синовите негови пора­чај им да се грижат за свештеничката должност; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.“ 11И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 12#2 Мојс 13,2.11-14; Мал 2,4; Неем 13,29„Ете, Јас ги зедов левитите меѓу си­новите израелски наместо сите првородени од синовите на Израел, што отвораат утроба; левитите ќе бидат Мои, 13#8,16-26; 2 Мојс 13,1-16; 3 Мојс 11,44бидејќи сите првородени се Мои; во денот, кога ги убив сите првородени во египетската земја, Јас ги осветив за Себе сите провородени во Израел – од човек до добиток: тие треба да бидат Мои. Јас сум Господ.“
Прво пребројување на Левиевото колено
14 # 2 Мојс 19,1 И му рече Господ на Мојсеј во Си­најската Пустина, велејќи: 15#26,57-62„Преброј ги Левиевите синови спо­ред семејствата нивни и според ро­довите нивни; преброј сѐ од машки пол од еден месец, и нагоре!“ 16И ги преброи Мојсеј според збо­ровите Господови, како што беше за­поведано. 17#1 Мојс 46,11Еве ги Левиевите синови според ими­­њата нивни: Гирсон, Каат и Мера­риј. 18А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ливниј и Семеј. 19И синовите на Каат според ро­довите нивни: Амрам и Јицхар, Хеврон и Узиил. 20И синовите на Мерариј според родовите нивни: Махлиј и Мушиј. Тоа се Левиевите родови според семејствата нивни: 21Од Гирсон произлегува родот Ли­вниев и родот Семеиев: тоа се Гир­соновци. 22Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум илјади и петстотини. 23Родовите на Гирсоновци беа смес­тени зад скинијата, откај запад. 24Началник на поколението од Гир­соновите синови беше Елјасаф, син Лаелов; 25#2 Мојс 26–27на Гирсоновите потомци при скинијата на собранието им е доверено да ги пазат: скинијата и покривот нејзин, завесата при влезот во скинијата на собранието, 26платништата околу дворот, завесата од влезот во дворот што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности. 27Од Каат произлегува родот Ам­рамов и родот Јицхаров, и родот Хев­ронов и родот Узиилов: тоа се Каа­товците. 28#2 Мојс 25,8; Пс 15,1Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум илјади и шестотини, кои го чуваа светилиштето. 29Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата; 30#2 Мојс 6,22а началникот на племето Каатовци беше Елицафан, синот Узиилов; 31#2 Мојс 25,10-40; 26,31-35; 27,1-8; 30,1-10; Ер 3,16; 52,19; 1 Лет 28,15тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, свештените садови што се употребуваат при служ­бата, и завесата со сите нејзини работи. 32#2 Мојс 6,23Главен началник на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; под негов надзор беа оние кои беа задол­жени да го чуваат светилиштето. 33Од Мерариј произлегува родот Махлиев и родот Мушиев; тоа се ро­дови Мерариеви; 34сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест илјади и двесте; 35началник на потомците на родот Мерариевци беше Цуриел, син на Ави­хаил; тие да се распоредат на северната страна од скинијата; 36на Мерариевите синови им беше доверено да ги чуваат штиците од скинијата и пречниците нивни, столбовите и подножјата нивни, сиот прибор, и сите други нејзини принад­лежности, 37#2 Мојс 27,9-19столбовите од дворот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и ја­жињата нивни. 38А од предната страна на скинијата, откај исток, пред скинијата на собранието сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои наместо синовите Израелови, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој друг се доближеше, беше убиван. 39Сите изброени левити што ги преброија Мојсеј и Арон по заповед на Господ, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.
Откупот на првородените
40 # 2 Мојс 13,1; 13,11-16 И му рече Господ на Мојсеј: „Преброј ги сите првородени синови израелски од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично; 41и земи ги левитите за Мене, како замена за сите првородени од синовите на Израел, – Јас сум Господ – а до­битокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите израелски.“ 42И ги преброи Мојсеј, сите првородени од синовите израелски како што му заповеда Господ; 43и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две илјади двесте седумдесет и три. 44И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 45„Земи ги левитите место сите првородени од синовите на Израел, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ. 46А за откуп на двесте седумдесет и трите првородени синови израелски, со кои се надминува бројот на левитите, 47#3 Мојс 5,15; 27,3земи по пет шекели за човек, спо­ред свештениот шекел земи; по дваесет гери во шекел; 48и дај му го тоа сребро на Арон и на синовите негови, за откуп на оние што го надминуваат нивниот број.“ 49И го зеде Мојсеј среброто од от­купот за оние што го надминуваат бројот на заменетите со левити. 50Од првородените израелски синови зеде сребро илјада триста шеесет и пет шекели, според свештениот шекел; 51и среброто од откупот Мојсеј му го даде на Арон и на синовите негови според зборовите на Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

Селектирано:

Броеви 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се